3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ТехнологијаАстронаутите со остар одговор до Маск: Не, вселенската станица не е за пензионирање Илон Маск, најбогатиот човек на светот и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, побарал Меѓународната вселенска станица (ISS) да биде отстранета од орбитата во рок од две години.Меѓутоа, астронаутите кои во моментот се во орбитата не се согласуваат со него и велат дека оваа вселенска лабораторија дури сега е на својот врв и не е подготвена за пензионирање. Сунита Суни Вилијамс и Бери Буч Вилмор, американски астронаути кои пристигнаа на ISS во јуни 2024 година на еднонеделна мисија, но се уште се во орбитата поради дефект на Боинг Старлајнер, одговараа на прашања од новинарите на конференција од вселената, пишува Space News. На прашањето дали е време, како што повика Маск, да се повлече ISS, Вилијамс рече дека е импресионирана од научните експерименти на станицата. - Исклучително сум импресионирана од тоа колку научни експерименти во моментов се спроведуваат овде. Всушност, би рекла дека станицата сега е на својот врв. Имаме доволно енергија, а сите делови се функционални - рече таа и додаде: - Мислам дека ова не е вистинско време за отпуштање. Имаме договори до 2030 година и мислам дека тоа е веројатно точно, бидејќи треба да го искористиме максимумот од оваа станица, и за нашите даночни обврзници и за меѓународните партнери, треба да ги исполниме нашите обврски. Маск исто така своевремено изјави дека одлуката да се задржат двајца астронаути во вселената била политичка одлука донесена од поранешниот американски претседател Џо Бајден, кој наводно одбил помош од неговата компанија SpaceX. Раководството на НАСА тогаш тврди дека тоа не е точно. На прашањето дали ова е вистина, Вилмор рече: - Од моја гледна точка, политиката немаше никаква врска со ова. Можам само да кажам дека господинот Маск, тоа што го кажува, е апсолутно факт. Немаме информации што се случило: што било понудено, што не било понудено, кој понудил, како се одвивал процесот. Тоа се информации кои едноставно ги немаме. Му верувам. Се очекува Сани Вилијамс и Буч Вилмор да се вратат на Земјата, најверојатно на 19 март, на вселенскиот брод Crew-9 заедно со американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн МостДенес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола. На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години. Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот. 6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Градежништвото силен двигател на македонската економијаЗавршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде: Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра. Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија. Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во: - автопати - експресни патишта - железница - над 1200 проекти во општините - аеродроми ќе продолжат со уште позасилено темпо. Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот. Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаСДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лагиОткако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги. 1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП). Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг. Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра. Значи со фингирани табели мафта Кочовска. Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот. Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг. Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата. 2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага. Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година? Вистината е сосема спротивна. Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување. Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори. Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter