Тајно оружје на енокринозолите - Еве кој зеленчук го забрзува метаболизмот и создава рамен стомак - Канал 5

Тајно оружје на енокринозолите - Еве кој зеленчук го забрзува метаболизмот и создава рамен стомак

Одржувањето на метаболичкото здравје е од суштинско значење за контрола на шеќерот во крвта, спречување на инсулинска резистенција и одржување на здрава телесна тежина.

Тајно оружје на енокринозолите - Еве кој зеленчук го забрзува метаболизмот и создава рамен стомак

Иако балансираната исхрана е основа на сè, експертите посочуваат еден зеленчук кој се издвојува по своите корисни својства.

Грижата за метаболизмот е еден од столбовите на модерниот пристап кон здравјето, а лекарите и нутриционистите постојано бараат едноставни промени кои доведуваат до значајни резултати. Во морето прехранбени совети, една намирница сè повеќе се споменува како таен сојузник на виталноста. Д-р Алесија Ронелт, ендокринолог, за “verywell health“ истакнува дека коморачот може да го подобри метаболичкото здравје на повеќе нивоа. Оваа ароматична билка, позната по својот сладок вкус сличен на анасон, не е само кулинарски додаток, туку и моќна алатка за регулирање на клучните процеси во телото. Неговата сила лежи во уникатниот состав, што го прави идеален избор за сите што сакаат да го подобрат варењето на храната, да ја стабилизираат енергијата и да го подобрат здравјето долгорочно.

Главната предност на коморачот е исклучителното богатство на растителни влакна. Влакната играат клучна улога во забавување на варењето на храната и апсорпцијата на гликоза во крвотокот. Овој механизам директно спречува ненадејни скокови на шеќерот во крвта и инсулинот, за кои се знае дека се главни двигатели на инсулинска резистенција и метаболичка дисфункција. Кога нивото на шеќер останува стабилно, телото не доживува пад на енергијата, а желбата за нездрави грицки е намалена. Покрај тоа, влакната придонесуваат за подолго чувство на ситост, што може значително да го намали вкупниот внес на калории и да го олесни одржувањето на здрава телесна тежина. Ова го прави анасонот идеална храна за луѓе кои се обидуваат да ослабат, но и за оние кои едноставно сакаат да воспостават подобра контрола врз својот апетит и нивоата на енергија во текот на денот.

Покрај растителните влакна, коморачот содржи и импресивен спектар на биоактивни соединенија како што се полифеноли, флавоноиди и анетол, моќни антиоксиданси кои помагаат во намалување на воспаленијата и оксидативниот стрес во телото. Хроничното воспаление е тивок непријател на здравјето и е силно поврзано со развојот на метаболички заболувања како што се дијабетес тип 2 и дебелина. Научните студии потврдуваат дека соединенијата во коморачот ги штитат клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали. Со намалување на воспалителните процеси, анасонот не само што помага во спречување на хроничните заболувања, туку придонесува за подобра општа благосостојба, намалување на заморот и подобрување на имунитетот.

Неговите корисни ефекти се протегаат и на здравјето на дигестивниот систем. Цревниот микробиом, заедницата од милијарди микроорганизми во нашите црева, игра огромна улога во регулирањето на метаболизмот, чувствителноста на инсулин и начинот на кој телото складира масти. Коморачот ја поддржува рамнотежата на добрите бактерии и ефикасно ги намалува надуеноста и гасовите. Многу луѓе кои страдаат од лошо варење или синдром на иритабилни црева можат да си олеснат со редовно консумирање на овој зеленчук.

Иако неговите метаболички својства се во преден план, коморачот исто така има многу малку калории, што го прави совршен додаток во исхраната за контрола на телесната тежина, но истовремено тој е богат извор на витамин Ц, кој го зајакнува имунолошкиот систем, и калиум, минерал неопходен за регулирање на крвниот притисок и здравјето на срцето. Содржи и други важни микронутриенти како што се калциум и магнезиум, кои придонесуваат за здравјето на коските и мускулната функција.

Како да го вклучите во вашата исхрана и на што да внимавате

За среќа, вклучувањето на коморачот во вашата исхрана е многу лесно. Неговата свежа крцкава главица може да се јаде сурова, тенко исечена во салати или како додаток во чинијата со зеленчук. Со варење неговиот вкус станува посладок, одличен е за печење, пржење или како додаток во супи и чорби. Семето од коморач може да се користи како зачин или за подготовка на чај кој помага во варењето на храната. Сепак, важно е да се запомни дека ниедна храна не е магично стапче. За оптимално метаболичко здравје, клучно е да го ограничите внесувањето на ултра-преработена храна, како што се бел леб, колачи, шеќерни пијалаци и закуски со вишок додаден шеќер. Вашата исхрана треба да се базира на разновидност, со акцент на зеленчук богат со растителни влакна како брокула и лиснат зеленчук, висококвалитетни протеини како риба и јајца и здрави масти од маслиново масло и авокадо. Коморачот е моќен сојузник во овој мозаик, но дава најдобри резултати само како дел од балансиран начин на живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Наместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија.

Државата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во Македонија

Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување.

Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот.

Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Уште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа

Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција.

- На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема.

– И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација

Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. 

Четворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна

Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски.

„Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе.

„Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство.

Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер