Асфалтирана улица во Јака, општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура.

Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица добива и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.

Според градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина. Во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на другите улици со цел подобрување на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот како и овозможување квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Брнабиќ: Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака дијалог и дека се плаши од средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи има слаби аргументи.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, не сака дијалог и дека се плаши од средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи има слаби аргументи, јави дописникот на МИА од Белград.

Коментирајќи го почетокот на новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина во Брисел, Брнабиќ за ТВ Пинк рече дека Курти не сака да го спроведе Бриселскиот договор и да формира Заедница на српски општини (ЗСО).

- Мислам дека Курти уште еднаш покажа дека не сака дијалог, нема интерес да направи чекор напред за Србите на Косово и Метохија да ги уживаат основните човекови права и нема намера да формира ЗСО, изјави претседателката на Собранието.

Според неа, Вучиќ не ги избегнува тие средби, колку и да се тешки и непријатни.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел синоќа на прес-конференција по билатералните средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, рече дека Курти побарал „формализација на основниот договор, да се отфрли писмото во кое поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, кон средината на декември минатата година изрази резервираност кои се однесуваат на обврските кои произлегуваат од договорот за патот кон нормализација на односите со Република Косово, вклучително и на анексот за неговото спроведување и за испорачување на Милан Радоичиќ на правосудните органи во Приштина“.

ИДФ: Нападнавме училиште во кое се криеја терористи

Израелската армија (ИДФ) денеска ги нападна милитантите на Хамас кои беа во училишниот комплекс во Кан Јунис, кој служеше како команден центар на групата.

-Борбени авиони на израелските воздухопловни сили, управувани од Јужната команда, ги нападнаа терористите кои се наоѓаа во училишниот комплекс „Ал Хасана“ во областа Кан Јунис. Терористите на Хамас планираа, режираа и изведоа бројни терористички операции додека беа на училиште, се вели во соопштението на ИДФ.

Во нападот беа направени најмногу напори за да се избегнат цивилни жртви.

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе нѐ претставуваат на Детската евровизија во Шпанија

По одржаната аудиција, Македонската радио-телевизија, ги избра Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски за претставници на Република Македонија на годинашниот „Јуниорски евросонг“. 

Музичкиот натпревар ќе се оддржи на 16 номеври во Мадрид, Шпанија, информираат денеска од МРТ.

- Ана и Алексеј со извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности што никого не оставаат рамнодушен, наведуваат од МРТ.

Двајцата се родени во Битола, учествувале на голем број музички фестивали.

- Таа е родена на 3 мај 2010 година, извонредно талентирана млада пејачка која веќе се прослави со учество и освоени први места на голем број музички фестивали. Нејзиниот моќен глас и неверојатни изведби ги воодушевуваат публиката и судиите, прикажувајќи ветувачка иднина во музичката индустрија. Посветеноста и природниот талент на Ана, ја прават извонреден изведувач и инспиративен млад уметник. Годинава беше избрана за единствена претставничка на Македонија на престижниот меѓународен фестивал „Сан Ремо јуниор“ Италија. Покрај музичкиот успех, Ана е посветен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик и е вклучена во реализација на многу проекти, се додава во соопштението до јавноста.

Алексеј е роден на 7 декември 2011 година.

- Тој е исклучително талентиран млад пејач, кој учествувал и победил на бројни музички фестивали. Неговиот волшебен глас и импресивно сценско присуство го издвојуваат, правејќи го истакнат изведувач со светла иднина во музичката индустрија. Алексеј е активен на бројни општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, од каде има освоено голем број први места. Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив, пишува во соопштението.

притисни ентер