ИДФ: Нападнавме училиште во кое се криеја терористи

Израелската армија (ИДФ) денеска ги нападна милитантите на Хамас кои беа во училишниот комплекс во Кан Јунис, кој служеше како команден центар на групата.

-Борбени авиони на израелските воздухопловни сили, управувани од Јужната команда, ги нападнаа терористите кои се наоѓаа во училишниот комплекс „Ал Хасана“ во областа Кан Јунис. Терористите на Хамас планираа, режираа и изведоа бројни терористички операции додека беа на училиште, се вели во соопштението на ИДФ.

Во нападот беа направени најмногу напори за да се избегнат цивилни жртви.

Вил Смит објави нова песна: Музиката ме подигна

Вил Смит објави нова песна наречена „You can make it“. Познатиот актер и рапер песната ќе ја изведе во живо на 30 јуни на доделувањето на наградите „BET“.

Вил направи пауза од својата музичка кариера откако ја објави песната „Get Lit“ во 2017 година. Пред тоа тој исто така имаше пауза од речиси 12 години по студискиот албум „Lost and Found“ објавен во 2005 година.

Смит на својот Инстаграм профил сподели видео како свири дел од својата нова песна на пијано. „За време на некои од најтемните моменти, музиката беше покрај мене - да ме подигне и да ми помогне да пораснам. Моја скромна желба е музиката да го направи истото за вас и да ви ја донесе сета радост и светлина што ја заслужувате“, напиша тој во описот на видеото.

Сирија: Терористичката група „Исламска држава“ убила над 4000 луѓе од поразот во 2019 година

 Џихадистите од терористичката група Исламска држава (ИД) убиле околу 4100 луѓе во Сирија откако го загубија своето последно упориште во земјата во 2019 година, соопшти денеска Сириската опсерваторија за мониторинг на човекови права (СОЧП).

ИД презеде контрола над делови од Сирија и Ирак во 2014 година, прогласувајќи калифат и наметнувајќи режим на терор пред да биде поразена во 2019 година од меѓународната коалиција предводена од САД и курдските сили.

По територијалниот пораз, џихадистите се повлекоа во огромната сириска пустина и продолжуваат со смртоносни напади, главно насочени кон армијата и силите доминирани од Курдите.

Од 2019 година, борците на ИД убиле околу 4100 луѓе во повеќе од 2550 операции во областите под контрола на режимот или под контрола на полуавтономната курдска управа, соопшти Опсерваторијата.

Повеќето од жртвите се војници, но бројот на жртви, исто така, вклучува 627 цивили, наведува СОЧП, чија седиште е во Обединетото Кралство, но има широка мрежа на извори низ Сирија.

Едвај поминува ден без напад, заседа, целна операција или изненаден напад од џихадистите во регионот, истакнува организацијата додека режимските сили и групите што ги поддржуваат редовно спроведуваат безбедносни операции во пустината, со поддршка на руските воени авиони.

ИД претрпе тешки загуби со повеќе од 2000 убиени џихадисти, вклучувајќи водечки функционери, наведува СОЧП.

Извештајот на Обединетите нации објавен во јануари проценува дека бројот на борци на ИД во Ирак и Сирија се движи од 3000 до 5000.

Во граѓанската војна во Сирија, која избувна во 2011 година по бруталната репресија на владата врз продемократските демонстрации, загинаа над половина милион луѓе, што ја подели земјата./МИА

Алкараз: Подготвен сум да ги „врзам“ Ролан Гарос и Вимблдон

Вимблдон е во тек, а во центарот на вниманието сега е актуелниот шампион и победник на Ролан Гарос, Карлос Алкараз. Шпанецот истакнува дека е подготвен да ја одбрани титулата.

- Во моментов, не се чувствувам особено посебно. Иако, овде се ми е посебно, бидејќи минатата година имав две одлични недели. Но, јас само сакам да гледам на ова како на секој турнир. Се чувствувам одлично, имав многу денови да се адаптирам, да тренирам. Се чувствувам многу порелаксирано кога се движам и играм на трева, изјави Алкарас.

Шпанецот доаѓа со „ореолот“ на освојување на Ролан Гарос и има шанса да го направи она што не го направија многу луѓе во отворената ера - да ги освои Ролан Гарос и Вимблдон во истата година. Ова го постигнаа Бјорн Борг три пати, Рафаел Надал двапати и Род Лејвер, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ по еднаш.

- Само да се освои Гренд слем е тешко. Сè е уште потешко кога за краток временски период се префрлате од земја на трева. Но, да речеме дека ќе се обидам да го направам тоа. Сакам да се приклучам на листата на малиот број луѓе кои го направиле ова. Знам дека ќе биде многу тешко, многу предизвикувачки. Но, мислам дека сум подготвен за тоа, порача Шпанецот.

Тој призна дека гледа видеа од поранешните шампиони, но потенцира дека нема ништо да промени во својата игра.

-Сè уште гледам снимки од Роџер, Енди (Мареј), Рафа, како и Новак. Сега ги гледам моите снимки за да видам како го направив тоа, заврши Алкараз. /МИА

притисни ентер