3Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица
ЖивотМенито на Олимпијадата во знакот на еколошката одржливост и намалувањето на отпадот На Олимписките игри во Париз, коишто ќе се одржат од 26 јули до 11 август, ќе учествуваат повеќе од 15.000 спортисти од 206 земји. Тоа, земајќи ги предвид и целокупните национални тимови, е огромен готвачки предизвик, а организаторите најавија дека 80 отсто од сите јадења ќе бидат направени од намирници и состојки што виреат токму на тоа подрачје. Покрај тоа, нешто повеќе од 60 отсто од храната ќе биде без месо, а 33 отсто се предвидува да биде целосно растителна. Спортистите ќе јадат од чинии и садови што се мијат, наместо од оние за еднократна употреба, бидејќи Париз овојпат се сосредоточува на одржливоста и намалувањето на штетите по животната средина. Се планира и користење на обновливи извори на енергија и намалување на употребата на пластика. Освен тоа, за оваа Олимпијада, наместо да се градат нови стадиони, ќе се користи постоечка инфраструктура и времени објекти. Според наводите, на спортистите ќе им бидат обезбедени балансирани оброци со потребните хранливи материи за оптимални перформанси. Ова вклучува поразновидна храна, протеини, јаглени хидрати и здрави масти. Патем, секоја земја има и свои специфични планови за исхрана за своите спортисти и тимови. Тоа значи трошење, на пр., на околу три милиони банани и 27 тони кафе. Пржени компири нема да се служат „поради можна опасност од пожар при користење фритеза“ во простор со голем број луѓе. А пак, авокадото е забрането од еколошки причини... Најврвните готвачи на Олимписките игри ќе треба да подготвуваат околу 40.000 оброци секој ден, не сметајќи го појадокот, којшто секогаш е на „шведска маса“. Менито на Олимпијадата - во однос на специјалитетите, сепак, ќе биде од повеќе поднебја. Покрај француската кујна, спортистите ќе можат да бираат и меѓу азиска, африканско-карипска и интернационална кујна, пишуваат тамошните медиуми. Менито го составуваат готвачите Шарл Гилој, Стефан Шишери, Акраме Беналал, Амандин Шено и Александре Мација. Француската кујна ќе биде претставена со вегетаријански гулаш „бургуњон“ и „брандад“ - потпечен солен „бакалар“ во пире од компири. Азија ќе биде претставена со мелено свинско месо со босилек и „басмати“ ориз, како и јадење со карфиол и печен компир со куркума. За африканско-карипското подрачје, позајмени се тн. „мешано-пропржена порција“ - јадење со пиперки, кромид и домати и пржени ракчиња со ароматичен сос од „шермула“. Mеѓу јадењата од интернационалната кујна, изборот е јагнешко во сос од нане и вегетаријанска мусака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство. „Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“. Des blocages ont eu lieu un peu partout en France ce jeudi 1er octobre dans le cadre de la mobilisation lycéenne. En tout, 340 actions étaient en cours dans la matinée devant des lycées et 169 blocages ont été comptabilisés, selon les remontées policières. Dans de nombreuses villes de France, la mobilisation a dégénéré, occasionnant d’importants dégâts dans et autour des établissements scolaires. Retour en images sur ces manifestations à Paris, Marseille, Lille, ou encore Nantes et Toulouse. ➡️ https://t.co/zN7ELcKVr4 — 20 Minutes (@20Minutes) October 1, 2026 Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI). Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми. Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата. Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните. Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУПоддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел. “Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски. Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје. “Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски. На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лицаДенеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook