Унгарците на протести против антиромската кампања на Орбан

Повеќе од 2000 Унгарци, заедно со ромски семејства и граѓански групи, денеска излегоа на протест во знак на протест против анти-ромската кампања на Орбан, носејќи транспаренти „Иднината не може да се гради со омраза“ и „Никој не е над законот“.

Премиерот Виктор Орбан, кој е критикуван од Европската унија за кршење на владеењето на правото, предложи државата да ја игнорира судската пресуда за обештетување на децата Роми во селото Ѓонѓоспата, а наместо тоа, да им обезбеди обука.

Основниот суд и нареди на државата да ги плати трошоците за парницата, што трае скоро една деценија. Унгарскиот Врховен суд наскоро треба да ја донесе конечната пресуда .

Со падот на економијата и намалената важност на неговата антиимигранска кампања, аналитичарите велат дека Орбан сака да ги мобилизира своите гласачи со таргетирање на независните судови, ромското малцинство и невладините организации кои им помагаат.

„Мешањето на владата во реституцијата на Ѓонѓоспата е нелегално и го нарушува владеењето на правото и независноста на судовите“, објавуваат организаторите на протестите на Фејсбук.

Орбан е на власт од 2010 година, а неговата партија Фидеш ја предводи анкетата на јавното мислење за нивниот антиимигрански став. Сепак, Фидеш доживеа изненадувачки пораз на локалните избори минатиот октомври кога опозицијата ја зазеде Будимпешта.

Орбан рече дека „одлуката на судот за сегрегација го разбранува јавното мислење со тоа што им препиша големи суми пари на некои жители Роми“. Тој исто така рече дека адвокатите ја користеле пренатрупаноста во затворите за да покренат 12.000 судски спорови против владата за кршење на затворските стандарди пропишани од Европската унија. Адвокатите велат дека Орбан го поткопува владеењето на правото.

Фидеш тврди дека луѓето поврзани со милијардерот Џорџ Сорос, кој има унгарско потекло им помогнале на Ромите да покренат тужба.

До денес, скоро 500 психолози потпишаа петиција против владината кампања за која велат дека може да предизвика омраза меѓу Ромите и другите жители. Ромите сочинуваат пет до седум проценти од популацијата на Унгарија.

Мицотакис: Грција нема да испрати во Украина системи С-300, ниту „Патриот“

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис .

Грција нема шанси да испрати во Украина ниту С-300 ниту „Патриот“, тие се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, демантирајќи ги написите во медиумите дека Атина ќе му помогне на Киев со противвоздушни ракетни системи, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина, објасни Мицотакис.

За односите со Турција и во пресрет на средбата со турскиот претседател во Анкара на 13 мај, грчкиот премиер рече дека целта на посетата е да се направи „чекор напред во грчко-турскиот пристап, кој даде некои важни мерливи резултати“.

Како пример спомена дека над 12 месеци нема прекрушувања на грчкиот воздушен простор, но и дека постои екстремно намалување на мигрантските бранови.

Истакна дека иако постојат различни ставови за одредени прашања, „тоа не значи дека нема да разговараме, дека нема да го препознаеме подобрувањето на односите и дека нема секогаш да се трудиме да ги градиме позитивните работи, наместо да се фокусираме само на негативните и нашите несогласувања“.

Во однос на европските избори на 9 јуни, рече дека другите партии „сакаат да ги сведат на референдум против Владата“, истакна дека го прифаќаат овој предизвик и политичката порака од евроизборите треба да биде „стабилност, сигурност и континуитет“.

Дополнително посочи дека не станува збор за национални избори на кои се одбира влада и мерката за споредба, според него, треба да бидат претходните европски избори.

Нова демократија на евроизборите во 2019 година освои 33,12 отсто од гласовите, додека пак на ланските парламентарни избори победи со 40, 56 проценти.

Столтенберг: Украина и натаму може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.

На состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ вчера во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објавија украинските медиуми.

– Во последните месеци членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија, рече Столтенберг.

Месечното одложување на американската помош доведе до влошување на ситуацијата на украинскиот фронт, а градовите низ земјата се изложени на руски беспилотни летала и ракетни напади поради недостаток на воздушна одбрана, пишуваат украинските медиуми.

Американскиот Конгрес оваа недела усвои закон со кој се одобрува пакет помош за Украина, а европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Данска и Холандија, исто така неодамна ветија дека ќе испратат воена помош за Украина.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

притисни ентер