КРУШЕВСКА ПИТА

Рецепт на ПОЛИ ТАНА

Потребни состојки: 800 гр. брашно, млака вода по потреба, 1 лажичка сол, 200 гр. путер, 2 страка праз, 400 гр. урда, 4 јајца и масло по потреба.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додава малку сол и млака вода и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се дели на 2 дела.

Првиот дел се дели на 8 топчиња, кои се расукуваат и се премачкуваат со путер.

Премачканите кори се редат една врз друга и се оставаат да отстојат 10-15 минути во фрижидер.

Истата постапка се повторува и со вториот дел од тестото.

Додека отстојува тестото во фрижидерот се подготвува филот.

Во поголем сад, ситно сечкан пропржен праз се меша со 4 јајца и 400 гр. урда.

Од првиот дел се сука долната кора и се реди во тепсија премачкана со путер.

Кората се премачкува со стопен путер и одозгора се распоредува филот.

Од вториот дел од тестото се расукува поголема кора, се набира и се става врз филот.

На краевите се формираат витки и се попрскува со стопен путер со масло.

Се пече во загреана рерна околу 20 минути на температура од 220 степени.

притисни ентер