ВМРО ДПМНЕ демантира дека министерот Чулев подготвува оставка

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев не подготвува оставка како што објавуваат дел од медиумите, велат за Канал 5 од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата која го предложи Чулев за министер во техничката влада велат дека се работи лажна вест.

„Се работи за комплетно лажна вест на владата на Оливер Спасовски инспирирана од стравот на криминалните структури кои се во пакт со владата на нивно разочарување Наќе Чулев не си поднесува оставка“, велат од ВМРО ДПМНЕ за Канал 5.

Дел од медиумите повикувајќи се на извори од МВР објавија дека Чулев утре ќе поднесе оставка од позицијата и дека како причина за ваквата одлука ќе навел дека се солидаризира со разрешената министерка Рашела Мизрахи. Мизрахи во саботата беше разрешена од Собранието по предлог на техничкиот министер Оливер Спасовски поради непочитување на уставното име на државата.

притисни ентер