Владата ќе го пренаменува недовршениот споменик на Mајка Tереза

Наместо да се урива како што предложи комисијата за проектот „Скопје 2014“ недоградениот споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија ќе се догради и ќе добие нова намена одлучи Владата.

Владата одлучи 32 метарскиот споменик на Мајка Тереза на плоштадот „Македонија“ во Скопје да се пренамени, бидејќи неговото рушење ќе чини поскапо... Во текот на месецов од владата ќе распишат конкурс за идејно решение во што да биде споменикот пренаменет и што да има на просторот.

Професорот од архитектонскиот факултет Мирослав Грчев, кој беше раководител на работната група „Скопје 2014“ која препорача рушење на неколку споменици поради законски прекршоци,  за Канал 5 вели дека владата направила грешка со ваквата одлука и дека истата треба да се повлече, додавајќи дека рушењето на објектот чини повеќе од пренамена на иститот е само урбана легенда.

Грчев додаде дека со постоењето на градбата се кршат неколку закони, меѓу кои се и Законот за градба, законот за урбанизам и просторно планирање исто како и Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, што значи дека споменикот претставува дивоградба.

За рушење на овој споменик се изјасни и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, но сепак дел од граѓаните што ги анкетиравме на скопскиот плоштад се против радикални мерки..

Ревизијата на проектот Скопје 2014, кој според официјланите пресметки чинеше околу 700 милиони евра, беше едно од главните ветувањата на СДСМ... Сепак досега не беше поднесе кривична пријава против никој од креаторите, а единствено дислоциран беше спомникот на Ќосето, кој беше лоциран пред комплекот судови.

притисни ентер