3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаСугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа и истакнува дека е подготвен повторно да преговара со нив, но, како што вели, не по цена на уцени и нарушување и штета на работењето.– Сакам да испратам сериозен апел. Треба да продолжат со работа, сите треба да се покажеме државно општествено одговорни затоа што секој застој таму на сите бројни проблеми што ги има 30 години во делот на долговите коишто ги имаат, да не се прават нови, бидејќи тоа е интерес и за државата и за нив, изјави Сугарески, коментирајќи го бојкотот на работата што од изутрина го почнаа машиновозачите, барајќи зголемување на надоместот на плата за квалитет поради зголемен обем на работа и недоволен број на персонал. Како што дополни, директорот на Железницата го информирал дека утринските возови се тргнати, а очекува, како што вели, тоа да се случи и во текот на денот. – Подготвен сум повторно да разговараме. И во мојот разговор вчера со нив укажав дека во делот на измени на систематизации секогаш и јас како ресорен министер и управниот одбор сме подготвени да преговараме, не по цена да има уцена и не по цена да се наруши и да се прави штета на работењето. Тоа е многу јасен одговор и затоа не гледам причина за каков било бојкот или штрајкови кои евентуално би се појавиле таму, рече Сугарески при посетата на зоната Визбегово. Во Железницата, истакна тој, платите се исплаќаат навреме. Платата за декември е исплатена во целост, очекува тоа да се случи и со јануарската, а потсети дека имало зголемување за пет проценти при неодамнешното покачување во администрацијата. – Првиот ден кога дојдов и кога почна Владата, почнавме практично со штрајк на машиновозачите и тогаш голем дел од работите ги усогласивме во делот на зголемување на коефициенти, укинување на дел антикризни мерки, а со последното зголемување на сите во државата и таму е зголемена платата. За она што евентуално сакаат да бојкотираат е зголемувањето на коефициентот за квалитет за работа, тој е зголемен од 20 на 30 проценти еднократно во декември, и сега велиме да биде од јануари пак 30 проценти, а тие бараат да биде 40. Ова се фактите, јас не сакам да помислам ниту во сон дека постои каква било политичка заднина. Се е исплатено во целост, имаме зголемување по сите основи, зголемување на платата, рече Сугарески, посочувајќи дека станува збор за серизона сума на примања. Душко Чакаровски, претставник на вработените, за МИА изјави дека по вчерашната средба досега не биле повикани на разговор, но оти се отворени за такво нешто. Факт е, вели тој, дека има долгови во претпријатието, но потенцира оти за тоа не се виновни вработените, туку начинот на менаџирање од страна на сите влади досега. Како што информира Чакаровски, барањето за зголемување од 30 на 40 проценти на надоместот на плата за квалитет, им е врз основа на Колективниот договор за дополнителна работа и работење со намален број на извршен персонал. Надомест од 40 проценти им бил исплаќан до пред антикризните мерки во 2008 година. Зад организацијата на бојкотот на работата, тврди Чакаровски, не стои ниту една синдикална организација, односно во него се вклучиле 99 проценти од машинскиот персонал од различни синдикати, но и работници кои не членуваат во синдикатите. Поради бојкотот на машиновозачите, што стратуваше изутрината во седум часот, во целосен прекин е товарниот сообраќај, а досега не е тргнат ни патничкиот воз за Велес. На возниот ред за денеска се предвидени патнички возови за Велес, Битола, Кочани, Гевгелија, Кичево, Табановце и Битола./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДве делегации ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание.Делегацијата на Куба ја напушти салата на Обединетите нации за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 81-та сесија на Генералното собрание, откако тој изјави дека комунистичкиот режим во Хавана е „целосно пропадната држава“ и рече дека режимот наскоро ќе падне. Кубанците и Иранците ги напуштија ОН за време на говорот на Трамп „Мојата администрација бара радикална промена на ситуацијата во Куба, каде што комунистичкиот режим е под најголем притисок под кој некогаш бил. Тоа е целосно пропадната држава“, рече Трамп пред собраните светски лидери. Тој додаде дека режимот „се урива како никогаш досега“ и рече: „И ќе падне“. Претседателот на САД во својот говор ја истакна улогата на државниот секретар Марко Рубио, кој присуствуваше и на годишната сесија. „Тој е длабоко во преговорите со Куба. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Трамп. Кубанската делегација, предводена од министерот за надворешни работи Бруно Родригез Парила, стана и ја напушти седницата токму во моментот кога Трамп ги изнесе обвинувањата. Куба не беше единствената земја чии претставници демонстративно го напуштија говорот на Трамп. Кога американскиот претседател се осврна на теми поврзани со воените напади врз Иран во изминатите шест месеци, иранската делегација исто така ја напушти салата, а само еден од нејзините членови остана да седи во клупите.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Во дилема сум дали да го уништам Иран засекогаш, очекувам договор по изборите во ноемвриПочна 81. заседание на Генералното собрание на ОН... Украинскиот конфликт ќе биде регулиран многу побргу од очекуваното а САД и Иран ќе склучат договор набргу после среднорочните избори во Америка, по што глобалните цени на нафтените деривати значително ќе паднат – соопшти американскиот лидер Доналд Трамп во своето обраќање пред главното собрание на Обединетите нации. Трамп настојува на тоа дека Иран во иднина не смее да има своја нуклеарна програма а ги покани и останатите присутни лидери во Генералното собрание да се придружат кон економските санкции врз Иран. „Дали да ги однесам (Иран) во пеколот без шанси за преживување и без надеж за идна величина со генерации? - но верувам дека ќе постигнеме договор веднаш по изборите, бидејќи нема смисла тие да не го прават тоа. // Тесно соработуваме со лидерите на Русија и Украина и ќе го завршиме тоа, и ќе се случи побрзо отколку што луѓето мислат, бидејќи веќе им е преку глава.“ Трамп додаде дека подоцна денеска меѓу САД, Кралството Данска и Гренланд ќе биде потпишан договор со кој Америка ќе добие целосна контрола врз безбедноста на Гренланд, а ги пофали и земјите членки на НАТО кои ги зголемиле одбранбените трошоци од 2 на 5% од БДПто. „Овој договор склучен со Кралството Данска - неверојатна, прекрасна земја и самиот народ на Гренланд, им дава на Соединетите Држави трајна контрола врз безбедноста и сите други потреби на таа територија. НАТО сега е посилен од кога било досега. НАТО прави работи за кои никој не мислеше дека ќе може да ги направи.“ Според Трамп, Америка е како што рече најсилната светска сила на чија економија завидува светот, а голем дел од неговото обраќање беше посветено на неговата републиканска администрација. Подоцна денеска во Обединетите нации ќе се обратат и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како и францускиот лидер Емануел Макрон. Обраќањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред светските лидери е закажано за в петок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп се обрати во Обединетите нации (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.Претседателот на Соединетите Американски Држави, земјата домаќин на Генералното собрание на ОН, традиционално е меѓу првите што ќе зборуваат. Меѓу светските лидери кои исто така треба да се обратат на Генералното собрание денес се францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и, подоцна во текот на денот, британскиот премиер Енди Бернам. Пристигнувањето на Бернам на Генералното собрание и неговиот говор денес беа потврдени и од британската влада. Тој се пофали со наводните резултати од неговата администрација На почетокот на говорот, Трамп ги истакна резултатите од неговата администрација во областите на економијата, имиграцијата и безбедноста на границите и потврди дека бројот на насилни злосторства во САД е намален. Тој, исто така, зборуваше за вработување, намалување на сиромаштијата, дерегулација, намалување на даноците и раст на берзата. Тој потврди дека САД „предводат практично во сè“ и дека иднината на земјата е светла. Потоа се префрли на војната со Иран и рече дека изборите нема да влијаат на неговиот пристап кон Техеран. „Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир“ „Додека другите зборуваат, јас дејствувам. Додека другите зборуваат за мир, јас создавам мир. Додека другите ги игнорираат заканите, јас се соочувам со нив. Додека другите зборуваат за храброст, Америка го покажа тоа. Додека другите ветуваат сила, јас ја искористив за да ја направам Америка најмоќната земја во светот“, рече Трамп. „Како претседател на најисклучителната нација во историјата, немам намера да дозволам опасностите да растат уште еден ден“, додаде тој. За Иран Трамп потоа го наведе Иран како одличен пример за таква закана. „Нема подобар пример за опасност на која ѝ е дозволено да расте, загрозувајќи го целиот свет, од најголемиот спонзор на тероризмот во светот, Исламската Република Иран“, рече тој. Тој рече дека Иран порано бил „насилник на Блискиот Исток“, но дека „веќе не е“. Во говорот пред Генералното собрание на ОН, Трамп рече дека Иран се соочува со „голема одлука“: да се постигне договор со САД или да се ризикува уништување на земјата. Тој се закани дека ако Иран не се согласи со договорот, ќе биде „однесен во пекол без никакви шанси за преживување“. За што друго зборуваше? Тој зборуваше и за својот Одбор за мир, кој го претстави како тело кое помогнало да се заврши војната во Газа. Тој ги наведе и војните за кои тврдеше дека завршиле. Тој рече дека картелите се ИСИС на западниот свет и дека зборува за лоши луѓе кои треба да бидат убиени или затворени. Тој рече дека додека е претседател, нема да има глобални даноци. Тој го нападна и Меѓународниот кривичен суд во Хаг и се осврна на „трансродовото лудило“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook