Братот на позната раперка е осуден на 25 години затвор за силување девојче (ВИДЕО)

Братот на раперката Ники Минаж, Џелани Мараџ, е осуден на 25 години затвор за силување малолетно девојче.

Неговата паштерка имала само 11 години, а Џелани постојано ја силувал додека нејзината мајка и негова сопруга била на работа.

Џелани Мараџ е прогласен за виновен за „предаторски сексуален напад врз дете“, и покрај тоа што неговата позната сестра се изјаснила писмено до судијата за да му ја промени казната, па сепак тој заработи 25 години зад решетки. Во писмото, Ники изјавила дека нејзиниот брат е „најстрпливиот, нежен, најискрен и несебичен човек што го познава“.

„Го уништивте ова дете силувајќи го постојано“, рече судијата.

Мараџ доби и дополнителна казна за загрозување на дете од  364 дена.

Жртвата, која денес има 14 години, сведочеше дека ја силувал четири пати неделно, а понекогаш и двапати на ден. Таа му рекла на судијата дека поради тоа размислувала за самоубиство, пренесува Дејли Меил.

„Мислев дека нема да можам да издржам повеќе ниту еден ден. Се чувствував како никој да не ме слуша“, рече таа.

Девојчето изјави дека не се осмелувала да каже ништо затоа што Мараџ и се заканил дека ќе ја избрка мајка и и дека никој нема да и верува. Се излезе на виделина кога нејзиниот брат на училиште пријавил дека го видел Мараџ како ја допира неговата  сестра. Тој беше уапсен во 2015 година.

Мараџ упорно тврдеше дека е невин, и призна пред судот дека имал проблем со алкохолот и побара милост.

притисни ентер