Последната порака на Коби на твитер била честитка за успехот на Ле Брон Џејмс

Судбината одлучи Коби Брајант , иако се повлече пред три години од кошарката , од вчера да биде најспомнуваниот НБА кошаркар.

Вчера Ле Брон Џејмс го надмина неговиот рекорд на третото место на шутери на сите времиња.  

Џејмс го заврши натпреварот со 29 поени, седум скока и осум асистенции, а со вкупно 33655 постигнати поени во натпреварите во кариерата, го надмина Брајант, кој застана на 33643 постигнати поени.

Рано утрово честитката до Ле Брон стигна од Брајант кој му ја посвети својата последна порака на Твитер на човекот со кој често се споредуваше.

- Само напред , Кинг. Брат, ја имате мојата почит “, напиша Коби на неколку часа пред трагичната несреќа.

Дербито Јувентус – Интер без публика поради коронавирусот

Поради ширењето на коронавирусот на северот од Италија, донесена е одлука 6 натпревари од фудбалското Калчо да се играат без публика.

Серија А и Министерството за спорт на Италија во договор со надлежните служби донеле одлука 6 средби од претстојното 26 коло да се играат без присуство на публика, поради ширењето на коронавирусот.

Меѓу натпреварите кои ќе се играат пред празни трибини е и супер дербито Јувентус – Интер.

Поради оваа одлука домаќинот Јувентус ќе остане без 5 милиони евра приходи од влезници и реклами.

Покрај нив без присуство на публика поради се поголемото ширење на коронавирусот на северот од Италија ќе се играат и дуелите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – Спал, Сасуало – Бреша и Сампдорија – Верона.

Публика на трибините ќе има само на мечевите Наполи- Торино, Каљари – Рома и Лече - Аталанта.

,,Огнено” дерби во Атина , навивачите се прекачуваа преку стадионот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Олимпијакос го совладаа ПАОК во грчкото првенство со минимални 1-0.

Црвено-белите ги совладаа црно-белите, откако не успеаја да го сторат тоа во првиот дел од сезоната (1-1 во Пиреја).

ПАОК имаше повеќе удари, повеќе топки во нозете, но не успеа да го достигне голот на гостите, па беа казнети.

Натпреварот го реши српскиот фудбалер Лазар Ранѓеловиќ во 49-та минута.

ПАОК успеа да постигне гол во 55. минута, но истиот беше поништен поради офсајд, откако така реши ВАР технологијата. До крајот на мечот „црните и белите“ имаа уште една шанса, но не ја искористија.

Како и обично, фудбалот во грчкото дерби не беше во прв план.

Навивачите на ПАОК го исполнија стадионот, но билетите не им беа доволни. Оние кои не успеаја да обезбедат билет пред натпреварот, се обидоа да влезат на мечот преку ѕидот на стадионот. 

Фудбал или ракомет : Неверојатната ситуација во македонскиот фудбал го обиколи светот (ВИДЕО)

Сцена од дербито на 20-то коло на македонското фудбалско првенство стана светски хит благодарение на социјалните мрежи.

Во натпреварот Ѓорче Петров - Академија Пандев (1-0), одигран од клубови кои се борат за место кое води во Европа, се случи ситуација која не може да се види никаде во светот.

Играчот на Академијата Пандев, го запре нападот на противникот со тоа што му ја одзеде топката со својата топка што ја држеше во рацете, а потоа со ракометен потег му ја фрли меѓу нозете на противничкиот играч за да му ја одземе топката  што беше на теренот.

Потегот го налути судијата, , па неговиот тим остана не само со играч помалку, туку беше поразен  од пенал во седмата минута на судското продолжение.

притисни ентер