Коби летоска ја доби четвртата ќерка , беше пресреќен со своето семејство (ФОТО)

Коби Брајант имаше четири ќерки, од кои најмладата се роди во јуни минатата година.

Во хеликоптерската несреќа загина неговата втора ќерка , 13 годишната Џана , која беше талентиран кошаркар .

Коби и неговата сопруга Ванеса заедно ги имаа 17-годишната Наталија, 13-годишната Џана, 3-годишната Бјанка и малата Капри Коби, која пристигна во јуни минатата година.

Коби го објави раѓањето на неговата најмлада ќерка на Инстаграм и потоа веднаш го откри името што и го даде. „Презадоволни сме затоа што пристигна нашето мало девојче, пристигна„ Коко ““, напиша пресреќниот татко во тоа време, додавајќи го хаштагот „четири принцези“.

За време на четвртата бременост на Ванеса, Коби откри пред медиумите дека би сакал да има син. „Ми се допаѓа да сум татко на девојчиња, но јас би сакал син, иако мислам дека Ванеса го сака уште повеќе“, се пошегуваше Коби во тоа време.

Тој беше многу поврзан со своите ќерки, па неодамна и го честиташе на својата најстара Наталија роденденот преку Инстаграм. „Среќен роденден, мое бебе. Те сакам неописливо. Вечно ќе бидеш мојата мала принцеза“, и рече тој.

Кошаркарот почина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, јавуваат американските медиуми.

HAPPY HALLOWEEN 🎃

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер