Арсовски: Епидемијата на непотизам е раширена низ целата држава

Епидемијата на непотизам е раширена низ целата држава. Нов бран, нови вработувања на функционерите на СДСМ.

Покрај Штип и Прилеп денеска ќе изнесам и неколку случаеви на непотизам во општина Велес.

Велес е град кој од ден во ден се повеќе се празни и се случува егзодус, а наместо да се вработуваат квалитетни кадри, се вработуваат синови ќерки снаи внуки сопружници на функционерите на СДСМ. За сметка на квалитетот се вработува неквалитетот. И нормално во роднински клуч со функционерите на СДСМ.

Па така Пожарната служба во Велес стана прибежиште за роднините на функционерите од СДСМ Велес.

Денеска ќе изнесеме 4 случаи од кои три се луѓе блиски на функционерите од СДСМ вработени во Пожарната служба на општина Велес,

Ново вработен од пред нова година во пожарна во Велес е Ариан Џини – внук на директорката на центарот за социјална работа во Велес. Нормално кадар кој што е близок до власта.

Второ ново вработување од пред нова година во пожарната служба е Милан Прличков инаку сопруг на Пандорка Прличкова советник во општина Велес од СДСМ. Чудно е како сопругот на советничката од СДСМ се вработил токму во претпријатие кое е под советот на општината.

Трето вработување од пред неколку недели е синот на советникот во општина Велес Менсур Бачевац, кој исто така е примен во пожарната служба. Значи двајца советници си ги зближиле своите најблиски.

Четврт и многу чуден случај, сериозен за јавноста. Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7ма на рангирањето, односно се барале 5, и иако била 7ма, далеку од првите 5 сепак била вработена од страна на болницата.

Далии какво влијание имал нејзиниот брат останува Антикорупциската комисија да утврди. Но, она што е интересно е дека можеби ако била на 10 место на рангирањето можеби и денеска ќе беше нов директор на болницата во Велес според критериумите на СДСМ. Па така уште еднаш апелирам до Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие нови случаеви потенцирам нови случаи на непотизам кои што во моментот гледаме дека се шират насекаде во држава, а сега веќе во општините да ги испитаат и нормално да донесат одлуки соодветни за сите сомнежи кои што произлегуваат од овие вработувања.

Важно е да се спречи непотизмот бидејќи како што знаете имаше еден бран каде што беа поднесени повеќе од 400тини претставки пред околу 10тина месеци и од тие 400тини претставки за блиски луѓе на функционерите на СДСМ не видовме освен неколку заради маркетинг да сносат соодветна одговорност.

Затоа апелирам дека одговорност мора да има и одговорност ќе има. Доколку сега не се понесе било каква одговорност за сите овие сомнежи, одговорноста ќе стигне веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, по 12 и ќе следи Обнова на Македонија.

Прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

притисни ентер