Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
2Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
МакедонијаЗасадени нови дрвја во Горно и Долно Лисиче Горно и Долно Лисиче денеска беа збогатени со нови садници. Имено, во кругот на училиштето „Гоце Делчев" и околу градинката беа засадени висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, соопштија од Општина Аеродром.Со оваа акција, се посочува, Општина Аеродром го заокружи есенското засадување садници на територијата на Општината, во кое се вклучија градоначалникот Златко Марин, советниците, општинската администрација, учениците и вработените од училиштата и градинките, како и голем број граѓани. Во рамки на годинешните акции беа засадени околу 3.300 садници, со што вкупната бројка за изминатите две години изнесува 5.500 дрвја. Во буџетот за 2020 година се предвидени дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРаботна посета на министерот Тимчо Муцунски на Даблин, ИрскаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во Даблин во рамки на работна посета на Ирска.За време на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средба со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. Покрај билатералните односи, во фокусот на разговорите ќе биде и претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија. Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања. Посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕвропскиот парламент го разгледа Извештајот за Македонија, гласањето ќе биде денеска на пладнеЕвропскиот парламент на пленарната седница во Стразбур го разгледа Извештајот за напредокот на Македонија чие гласање е закажано за денеска на пладне.Во дебатата претежно доминираше темата која бугарските европратеници ја покренаа за палењето на авомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, но нивните критики за евроинтегративниот пат на земјава. Известувачот Томас Вајц пак, ја повика Европската унија да испорача на истиот начин како што Македонија ги направила сите потребни реформи, но и барања за членство. Со оценката на Вајц се согласи и еврокомесарката за проширување Марта Кос.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАмбасадорот на Македонија во Софија повикан на разговор во бугарското МНРВршителот на должноста амбасадор на Македонија во Софија бил повикан во бугарското министерство за надворешни работи во врска со палењето на двата автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопје.Како што информираа од бугарското МНР, заменик-министерот за надворешни работи Христо Полендаков нагласил дека Бугарија најостро го осудува овој, како што го нарекол, демонстративен чин на агресија, кој ги довел во опасност здравјето и животот на вработените во бугарската амбасада, како и на жителите на главниот град на Македонија... Полендаков додал и дека секој обид за ширење страв кон Бугарите во Македонија е неприфатлив за нив – соопштија од бугарското МНР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook