Околу 21,6 милиони денари наменети за проекти за регионален развој

Со заштедените средства ќе се финансира уредување на дел од индустриските зони во Југоисточен плански регион, со цел зголемување на економскиот развој, проект за „Помалку отпад за поквалитетен живот".

Предлогот на Министерството за локална самоуправа, за распределба на средства за финансирање на проекти на планските региони од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година, беше тема на дискусија на на денешната седница на Советот за рамномерен регионален развој, со која претседаваше вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

Како што соопшти Кабинетот на Анѓушев, средствата во износ од околу 21,6 милиони денари се резултат на заштеди остварени при реализација на проекти од страна на Центрите за развој на планските региони во сите осум плански региони. Поради ова, Советот на денешната седница донесе oдлука овие средства да бидат доделени за три нови проекти и за зголемување на износот на пет веќе постојни проекти.

– Со заштедените средства ќе се финансира уредување на дел од индустриските зони во Југоисточен плански регион, со цел зголемување на економскиот развој, проект за „Помалку отпад за поквалитетен живот", унапредување на техничките капацитети на Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот плански регион и овозможување поквалитетни услуги од регионално значење како и подобрување на туристичката понуда во Североисточниот плански регион преку инвестиции во докапитализација на градски базен во Куманово, се наведува во соопштението.

Дополнително, како што информира Кабинетот на Анѓушев, извршено е дофинансирање на проектот за ревитализација на патот Богородица – Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија – Богданци (втора фаза), подготовка на техничка документација за локални регионални патишта во Југозападниот плански регион, подобрување на инфраструктурните услови за создавање на мултифункционален објект за поддршка на културно – уметнички и спортско – рекреативни настани во Општина Лозово, како и подобрување на руралната инфраструктура во Вардарскиот плански регион преку изградба на Центар за откуп на земјоделски производи во Општина Градско.

На седницата е донесена и Одлука за определување на подрачјата со специфични развојни потреби во Македонија за периодот од 2019-2023 година, а усвоен е и Годишниот извештај за спроведување на акцискиот план за спроведување на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија за 2018 година.

На седницата на Советот за рамномерен регионален развој учествувале и министрите за локална самоуправа Горан Милески, за транспорт и врски Горан Сугарески, за труд и социјална политика, Мила Царовска, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за зeмјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за култура Хусни Исмаили, како и директорот на Бирото за рамномерен развој Рамиз Реџепи и градоначалниците на општините и претседатели на осумте плански региони во Македонија.

Мицоски си доби казна бидејќи го потценува народот

Наместо да шири небулози, нека си ги решава проблемите во белиот дворец.

Христијан Мицкоски е изгубен во сопствените заблуди, па заборавил и да бори. После 16 часа од поразот, ни срам ни перде, излезе да каже дека победил со два до три пратеници во минус, за да му се смее цела јавност.

Денеска Христијан Мицкоски повторно го потцени народот. Тој е поразен политичар кој го потценува народот, Македонците, Албанците и другите.

Ваков очаен политичар што смета дека албанскиот глас вреди помалку од гласот на другите може да оди најмногу во опозиција, а најдобро е да оди надвор од политика. Мицкоски денес го потцени гласот на граѓанинот, а со тоа ги потцени и сите во неговата коалиција во која има претставници и од други етнички заедници.

Вчера на фер, слободни, демократски избори народот јасно му го покажа патот. Што понастрана од власта. Наместо да се плетка во сопствените небулози, нека си мисли како ќе си го решава проблемот што му се отвора на столчето во белата палата.

Државата, граѓаните, продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе. СДСМ победи, ВМРО-ДПМНЕ изгуби.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Џенифер лопез е доказ дека годините се само бројка

Таа наскоро ќе наполни 51 година.

Латино дивата Џенифер Лопез за осум дена ќе го слави 51-от роденден, а фотографијата која ја објави на Инстаграм е доказ дека годините се само број.

За кратко време фотографијата доби милион лајкови, а фановите не престанаа да и делат комплименти.

Инаку, популарната Џенифер Лопез на фотографијата ја рекламира својата нова линија на чевли.

ДС: Граѓаните гласаа за Европска Македонија, Демократскиот сојуз е парламентарна партија

Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека во следниот собраниски мандат ќе биде парламентарна партија и ќе даде придонес со сопствени оригинални идеи и законски решенија за решавање на суштинските проблеми на граѓаните. 

Демократскиот сојуз оценува дека вчерашните предвремени парламентарни избори беа фер и демократски, без насилства, со висока излезност во специфични здравствени услови, при што граѓаните можеа слободно да ја искажат својата определба и гласаа мирно и достоинствено, определувајќи се за Европска Македонија.

Демократскиот сојуз ја известува јавноста дека во следниот собраниски мандат ќе биде парламентарна партија и ќе даде придонес со сопствени оригинални идеи и законски решенија за решавање на суштинските проблеми на граѓаните. Очекуваме со нашите партнери од коалицијата „Можеме" што побрзо да се состави стабилна влада, без развлекувања и уцени, во која ќе учествуваме со својата програма и со квалитетни кадри и која веднаш ќе се зафати со здравствените и економските предизвици.

Демократскиот сојуз смета дека приоритети на следната влада се надминување на здравствената криза со помош на нашите партнери од ЕУ и НАТО, енергична борба против организираниот криминал и корупцијата, воспоставување правда и правичност, како и усвојување сериозна антикризна економска програма за заживување на македонската економија и подигање на животниот стандард на граѓаните. Очекуваме преговорите за членство во Европската унија кои треба да почнат до крајот на оваа година, да го забрзаат процесот на европеизација на Македонија и да придонесат за повеќе правда и демократија и подобар и поквалитетен живот.

Демократскиот сојуз исто така очекува во првите три месеци од новиот мандат Собранието да донесе измени на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи заради поправично и подемократско одразување на волјата на граѓаните и разбивање на двопартискиот монопол.

Демократскиот сојуз инсистира да се расчисти со паѓањето на веб-страницата на Државната изборна комисија, како и со евентуалните намерни грешки во обработката и презентацијата на изборните резултати и против одговорните да се преземат соодветни законски мерки.

Демократски сојуз

притисни ентер