Владината делегација во Лондон се сретна со поранешни функционери на НАТО и ЕУ, членови на Охридската група

 Владината делагација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.

– Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука, донесена со консензус во 1993. НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

притисни ентер