Владината делегација во Лондон се сретна со поранешни функционери на НАТО и ЕУ, членови на Охридската група

 Владината делагација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.

– Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука, донесена со консензус во 1993. НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и кажа дека никому нема да му биде дозволено да и се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и кажа дека никому нема да му биде дозволено да и се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот, одбележувајќи ја победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Додека руските трупи напредуваат против украинските сили, кои се поддржани од Западот, Путин ги обвини „арогантните“ западни елити дека заборавиле на одлучувачката улога што Советскиот Сојуз ја одигра во поразот на нацистичка Германија и поттикнувањето конфликти низ светот, пренесе Хина.

- Знаеме до што води неумереноста во ваквите намери. Русија ќе направи се за да спречи глобален конфликт, рече Путин на Црвениот плоштад откако министерот за одбрана Сергеј Шојгу направи смотра на многубројните построени сили.

Но, додаде тој, истовремено нема да дозволиме никој да ни се заканува.

-Нашите стратешки сили се секогаш во состојба на борбена готовност, рече тој.

Путин, кој ја испрати својата војска во Украина во 2022 година, ја гледа војната како дел од борбата со Западот, која, според него, ја понижи Русија по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година со навлегување во „сферата на влијание“ на Москва.

Украина и Западот го обвинуваат Путин за грабеж на земјиште во империјален стил. Тие ветија дека ќе ја победат Русија, која моментално контролира околу 18 отсто од Украина, вклучувајќи го и Крим и делови од четири региони во источна Украина. Русија тврди дека овие области, некогаш дел од Руската империја, сега повторно се дел од Русија.

Советскиот Сојуз изгуби 27 милиони луѓе во Втората светска војна, многу од нив во Украина, за на крајот да ги истурка нацистичките сили назад во Берлин, каде Хитлер изврши самоубиство. Црвеното советско знаме на победата беше подигнато над Рајхстагот во 1945 година.

Безусловната капитулација на нацистичка Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај 1945 година, а во Франција, Велика Британија и САД се слави како „Ден на победата во Европа“. Во тоа време, во Москва веќе беше 9 мај, што подоцна стана „Ден на победата“ во Советскиот Сојуз во таканаречената Голема патриотска војна од 1941-45 година.

Видео: Светска ѕвезда воодушеви со својот изглед!!

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез годинава доби почесно место како една од водителките на престижната Мет Гала.

Како и секогаш, Џенифер ги исполни очекувањата на сите љубители на модата.

Таа се појави во речиси проѕирен фустан украсен со камења, истакнувајќи ја нејзината совршена фигура.

Иако има 54 години, на нејзината витка фигура би и позавиделе девојките кои би можеле да и бидат ќерки.

Џенифер за оваа прилика избра суптилна шминка, а се гледаше секоја брчка на нејзиното лице, поради што многумина ја критикуваа.

@voguemagazine Co-chair of the 2024 #Metgala: #JLo has arrived in custom #schiaparelli ♬ original sound - Vogue

Имено, „Вог“ објави видео на социјалната мрежа „ТикТок“ каде Џенифер од крупен план им се обраќа на читателите на споменатиот магазин. На видеото јасно се гледаат вратот, брчките и темните кругови, а многу луѓе коментираа.

Демократски сојуз: Двојната победа огромен предизвик

Демократски сојуз, претседaтелските и парламентарните избори ги оценува како фер и демократски. Пројавените нерегуларности треба да бидат предмет на работа на надлежните институции.

Двојната победа со која Гордана Силјановска Давкова стана првата жена претседател на Македонија и освоените 58 пратенички мандати на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, претставува огромна чест и доверба, но и одговорност и силен предизвик за ветените коренити реформи и зајакнување на темелите на Македонија, како демократска, суверена и модерна европска држава.

Дамка на целиот изборен процес со обиди за негово нарушување, посебно во текот на вчерашниот изборен ден, фрли водството на ДУИ, кое одлучи да ги бојкотира претседателските избори, со крајна цел Македонија да ја вовлече во политичка нестабилност, доколку успееше со бојкотот.

Пораката е јасна, граѓаните без разлика на политичката, етничката или верската припадност, гласаа за промени, за стабилна Македонија. ДУИ и СДСМ, граѓаните ги испратија во опозиција, со што се отвори патот за политичка, но и друг вид одговорност.

Победата е голема, а одговорноста е огромна

Демократски сојуз

притисни ентер