Хамилтон со победничко дрифтање ја прослави шампионската титула во Формула 1 (ВИДЕО)

Луис Хамилтон славеше во последната трка во Формула 1 за Гран-при на Абу Даби.

Британецот зад себе ги остави  Макс Верстапен и Чарлс Леклерк и ја донесе екипата на Мерцедес до шампионската титула . Хамилтон стартуваше во Абу Даби од првото место и стигна до својата 84. победа во кариерата.

Возачот на Мерцедес ја заврши трката со време од 1:34:05, по што следат Верстаппен со Ред Бул (+16,772) и Лекларк со Ферари (+43.435).

Најинтересен беше последниот круг во Карлос Саинз доби поен и постигна шесто место во категорија на возачи. Денешната трка беше последна во кариера за Нико Хелкенберг и Роберт Кубица.

Сè уште не е познато дали Германецот ќе се врати, но засега нема конкретни опции за претстојаната сезона. Комуникацијата на возачот на Рено со неговиот тим по трката беше интересна. Рено му се заблагодари на Хелкенберг за сè што направи во последно време, а Германецот имаше хумористичен одговор:

„Би сакал да можам да го кажам истото“.

Нејмар докажа дека нема непријатели во тимот

Нејмар потсети колку е моќен во дуелот помеѓу ПСЖ и Галатасарај (5-0).

Бразилецот постигна еден гол и забележа две асистенции, но неговиот потег за петтиот гол привлече најголемо внимание.

По изречената казна во корист на  ПСЖ , Нејмар ја однесе топката на белата точка. Сепак, тој не го шутираше пеналот, туку му го препушти  шутот на  Единсон Кавани.

"На себичноста не и е место во фудбалот. На Единсон му беше потребен гол. На крајот, сите напаѓачи постигнаа по еден и сите си одиме дома среќни", изјави Нејмар и изненади многумина со таквата порака.

Ова е уште почудно ако се знае дека судирот меѓу Нејмар и Кавани започна пред две години токму поради пенал. Бразилецот сакаше да шутира пенал на натпреварот против Лион, но Кавани не му ја даде топката и тој го промаши ударот од белата точка. Подоцна, расправиите продолжија во соблекувалната и навивачите на ПСЖ јавно застанаа на страната на Кавани, кој е подолго во клубот.

Оваа сезона Кавани има проблеми со повреда и постигнал само два гола на 10 настапи пред натпреварот со Галатасарај.

Има 23 години , 17 трофеи и 22 повреди: Можеби нозете не ми се за фудбал

Новиот рекордер, според бројот на бизарни и чести повреди е еден чуден играч на Баерн - Кингсли Коман.

23-годишниот Французин постигна гол во 14-та минута против Тотенхем во Лигата на шампионите, но мораше да ја напушти играта уште во 27-та минута по бизарна повреда на коленото. Првите информации се дека тој го скршил коленото, а прогнози велат дека младиот фудбалер нема да биде на теренот најмалку 20 дена.

По натпреварот следуваше лавина за поддршка на Коман, која на 23-годишна возраст се здоби со 22 повреди. Скоро нема повреда што фудбалерот на Баерн не ја доживеал во последните пет години, поради што тој е надвор од терените вкупно една година и 25 дена, со 65 натпревари кои ги испуштил.

"Имав досега две операции и тешко би ја преживеал третата. Го пропуштив Светскиот куп каде што сонував да играм и тоа ме фрустрираше. Франција на крајот стана светски шампион без мене, но јас имам волја да се вратам во најдобра форма во националниот тим. Но, ако повторно се случуваат некои сериозни повреди, тоа би било премногу. Јас сум внимателен и вредно тренирам, но ако тоа се случи, тогаш можеби нозете не ми се за фудбал и ќе живеам без него“, изјави  Коман пред една година, не исклучувајќи крај на неговата кариера ако настанат нови проблеми.

Потоа, тој претрпе уште шест повреди минатата година и стана сериозна тема на светскиот фудбал. Неспорно е голем талент , а веќе играше за ПСЖ, Јувентус и Баерн и за француската репрезентација и вреди околу 60 милиони евра. Сепак, поради повредите, доколку продолжи со ова темпо, би можел да го пропушти Европското првенство летото 2020 година.

Интересно е што од друга страна, скромната животна приказна на Коман не е баш како онаа на најголемите фудбалски sвезди. Роден е во Париз, а неговото разбирање за животот открива кој е надвор од теренот.

"Пораснав во предградие на Париз каде животот не е секогаш лесен. И покрај моето потекло од Гвадалупе, секогаш се чувствував французин иако живеам во странство веќе пет години и зборувам повеќе англиски со девојката и германски со соиграчите во Баерн отколку што зборувам француски. Сепак, ми се допаѓа оваа мешавина и мислам дека е убаво да се комбинираат повеќе култури и да се искористи најдобрите од сите земји. Разновидноста може само да ни користи “, рече Коман пред десетина дена во интервју за веб-страницата на Баерн.

Ѕвездата на Баварците, кој досега има освоено 17 трофеи, откри дека планира да ја посети родната Гвадалупе по Божиќ, но тоа сега е под знак прашање по новата повреда.

"Се чувствувам одлично во Гвадалупе. Таму не сум фудбалска sвезда . Луѓето се многу љубезни. Ме препознаваат, но почитуваат и дека сакам да уживам во мир со семејството. Затоа, планирам да одам таму за празниците", изјави Коман.

Марсело си заминува од Лион по тепачката меѓу неговите колеги со навивачите (ВИДЕО)

Тепачката  на играчите и навивачите на Лион на нивниот стадион, откако драматично се изборија за влез во следната група во Лигата на шампионите, го шокира фудбалскиот свет.

Лион загуби со 0-2 од Лајпциг во второто полувреме, но потоа изедначи со 2: 2 за да ја обезбеди нокаут фазата на ЛШ.

Мемфис Депај, капитенот, најдобриот играч и стрелец за Лион, кој го постигна вториот погодок, забележа како еден од нивните фанови  на теренот развил знаме на кое пишува „Марсело оди си “. Покрај пораката до дефанзивецот на Лион бил и цртеж на магаре.

Лидерот на тимот го одбрани својот соиграч и се стрча кон навивачот и му го скина знамето.  Голем број навивачи се упатија кон  Депај, кои тешко беа запрени од чуварите и полицајците , така што неколкумина успеаја да се пробијат на теренот и да го нападнат капитенот. Но наскоро другите играчи на Лион влегоа и им се спротивставија. Реакцијата на Депај и другите фудбалери јавно ја пофали тренерот на Лион, Руди Гарсија.

Марсело Антонио Гуедос Филјо им се спротивстави на навивачите на Лион за време на поразот од Бенфика, исто така во ЛШ, по што беше нападнат на социјалните медиуми. Другите играчи на Лион се солидаризираа со Марсело, па затоа веќе не ги поздравуваат навивачите по победите.

Радио Монте Карло известува дека искусниот (32) бразилски стопер, по синоќешниот инцидент, решил да го напушти клубот во кој дошол летото 2017 година, без оглед на неговиот договор со Лион е потпишан до летото 2021 година.

притисни ентер