Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ФормулаХамилтон со победничко дрифтање ја прослави шампионската титула во Формула 1 (ВИДЕО)Луис Хамилтон славеше во последната трка во Формула 1 за Гран-при на Абу Даби.Британецот зад себе ги остави Макс Верстапен и Чарлс Леклерк и ја донесе екипата на Мерцедес до шампионската титула . Хамилтон стартуваше во Абу Даби од првото место и стигна до својата 84. победа во кариерата. It’s tradition after all... 😉🍩🔥🍩#AbuDhabiGP @LewisHamilton pic.twitter.com/91doO0y5Os — Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) December 1, 2019 Возачот на Мерцедес ја заврши трката со време од 1:34:05, по што следат Верстаппен со Ред Бул (+16,772) и Лекларк со Ферари (+43.435). Time for Lewis Hamilt🍩n to celebrate!#AbuDhabiGP 🇦🇪 #F1 pic.twitter.com/tsKzKG1tgq — Formula 1 (@F1) December 1, 2019 Најинтересен беше последниот круг во Карлос Саинз доби поен и постигна шесто место во категорија на возачи. Денешната трка беше последна во кариера за Нико Хелкенберг и Роберт Кубица. 🙌 @LewisHamilton#AbuDhabiGP 🇦🇪 #F1 pic.twitter.com/BQHKfalqYH — Formula 1 (@F1) December 1, 2019 Сè уште не е познато дали Германецот ќе се врати, но засега нема конкретни опции за претстојаната сезона. Комуникацијата на возачот на Рено со неговиот тим по трката беше интересна. Рено му се заблагодари на Хелкенберг за сè што направи во последно време, а Германецот имаше хумористичен одговор: „Би сакал да можам да го кажам истото“. RACE CLASSIFICATION Confirmation of Lewis Hamilton's victory, ahead of Max Verstappen and Charles Leclerc Valtteri Bottas finished in P4 after starting from the back of the grid#AbuDhabi2019 🇦🇪 #F1 pic.twitter.com/Ifg7yAiL2R — Formula 1 (@F1) December 1, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата - брзината одзема животиЗасилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината продолжуваат и во текот на овој викенд, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Прекумерната брзина не е само прекршок – таа е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција. Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС потврди дека Филипче испратил осудени насилнициПрво им благодариме на колегите од СДС што ја потврдија веродостојноста на документите кои ги изнесовме, а потврдуваат дека Венко Филипче пратил осудени насилници да предизвикаат инцидент.Во однос на документите, ја погрешија адресата. Тие до ВМРО-ДПМНЕ не се доставени од МВР туку од чесни структури на СДС кои и самите сакаат да се спротистават на талогот криминалци и трговци на дрога во СДС кои ја имаат киднапирано оваа партија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморениАктивноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите. Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период. На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето. Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот. Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook