Костадинов : Мицкоски да одговори, дали спротивно на Законот за судир на интереси, бил избран како асистент кај татко му?

Уште еден ден без одговори од Христијан Мицкоски за неговите лаги за лажните магистратура и докторат, наводно стекнати во Италија и Германија, рече на прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. 

Секој ден го повикувавме Мицкоски да каже зошто ги лажеше и нашите граѓани, но и премиерот на соседна Бугарија, за тоа каде магистрирал и докторирал.

Молчи Мицкоски, се мисли што да каже и што да излаже. Додека го мисли одговорот, му поставуваме уште неколку прашања:

Христијан Мицкоски, дали спротивно на законот за судир на интереси, користејќи ја позицијата на татко ти, и преку негов притисок врз целиот наставно научен совет на Машинскиот факултет, без никаква солидна академска подготовка, си избран како асистент на твојот татко?

Христијан, одговори им на граѓаните, зошто како рецензент на твоите трудови се јавува твојот татко? Дали беше малку што те направи асистент, па мораше и на трудовите да ти се потпишува како рецензент?

Мицкоски излажа за Договорот со Бугарија, излажа за магистратура и докторат во Германија и Италија, па еве прилика, нека се охрабри и нека каже како успеал да стане асистент на Машинскиот факултет во Скопје?

Мицкоски е најлошиот асистент на Машинскиот факултет. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Мицкоски е најлошиот лидер на опозицијата.

Неговата кариера ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна. Впрочем, каква може да биде кариерата на човек чиј ментор е Никола Груевски?


Бојмацалиев: Нашите бранители -херои од 2001 никогаш нема да бидат заборавени

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача  дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои, порача дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев на настанот во Битола организиран од ,,Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните ,,Вејце “ и ,,Шипковица“ во 2001 година.

За мирот и спокојот што денеска го имаме, додаде, ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации.

-Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме. Како син на воено лице во пензија, кое во 2001 учествуваше на овие настани, сега како претставник на Министерството за внатрешни работи дозволете ми да им оддадам уште една признание и да им кажам на фамилиите дека никогаш нема да бидат заборавени, а Македонија ќе биде вечна, потенцираше Бојмацалиев.

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да ги ослободи

Објавено видео на кое двајца израелски заложници во Газа бараат од Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, објавија видео на кое се гледаат двајца заложници заробени на 7 октомври, кои бараат од израелската влада предводена од Бенјамин Нетанјаху да најде начин да ги ослободи.

Видеото содржи разговор со Кит Сегал (64) и Омри Миран (47), кои зборуваат за тешките услови што ги доживеале при израелското бомбардирање во Појасот Газа, пренесува Анадолија.

Објавена и изјавата на израелскиот премиер Нетанјаху, кој рече: Само континуираниот воен притисок ќе доведе до ослободување на сите заложници.

Цитирана е и изјавата на министерот за одбрана Јоав Галант, кој изјави: Колку повеќе се зголемува воениот притисок, толку се поголеми шансите да дојдеме до вашите најблиски.

Бригадите Ал-Касам во видеото велат дека воениот притисок што го изврши Израел доведе до смрт на десетици заложници во Газа, а останатите ги лиши од прославата на еврејската Пасха со нивните семејства. „Вашите нацистички водачи не се грижат за судбината на вашите заробени синови и нивните чувства. Сфатете го ова пред да биде предоцна“, се заканија припадниците на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ и во САД.

Приведени двајца крадци од Србија за седум кривични дела

Приведени двајца крадци од Србија поради извршени шест тешки кражби и украдени велосипеди на подрачјето на општина Аеродром.

- Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р. Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром, информираат од МВР.

Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците.

притисни ентер