РОЛОВАНА ШТИЦА

РЕЦЕПТ НА ФИЛИП САЗДОВСКИ

Потребни состојки :  1 топка тесто за пица, 100 гр кашкавал, 50 гр. свински врат, 50 гр. печеница, 50 гр. кулен, 50 гр. сланина, 50 гр. пармезан, 50 гр. горгонзола, 50 гр. моцарела,  неколку листови рукола, 2 јајца и малку сусам по вкус.

Постапка:

Тестото тенко се сука во долгнавеста форма и се става рендан кашкавал.

Одозгора се редат тенки парчиња од: свински врат, печеница, сланина и кулен.

Се додаваат неколку листови рукола и се формира ролат.

Се сече на помали парчиња и тие се редат во тава.

Се премачкуваат со матени јајца и се посипуваат со сусам.

Се печат околу 5 минути во загреана рерна.

Истата постапка се повторува, но наместо сувомесни производи се ставаат 4 вида на сирења.

притисни ентер