За Пендаровски ЕУ нема алтернатива, Вучиќ не е сигурен дали Брисел знае што сака со регионот

Со највисоки државни и воени почести и со порака дека Македонија и Србија немаат отворени прашања, освен косовското, српскиот претседател Вучиќ го пречека македонскиот колега Стево Пендаровски пред Палатата Србија.

И двајцата државници го делат ставот дека двете земји споделуваат заедничко минато и се стремат кон иста цел, членство во ЕУ. На заедничката пресконференција доминираше темата за новата методологија иницирана од Франција, како и потребата од регионално поврзување во рамките на Мал Шенген. Но, ниту Пендаровски, а уште помалку Вучиќ можат да проценат дали кога земјите ќе се интегрират во Унијата.

-Дали тоа ќе го направат во март или во мај во Загреб? Сега ЕУ бара начин како да ја задоволи С.Македонија поради Преспанскиот договор. Јас ги прашав и Стево, и Зоран и Еди. Супер, ќе отворат преговори и што потоа? Ќе ги израдувате граѓаните, ќе имате едно 15 дена да викате сите на телевизија „ни отворија преговори“. И што тогаш? Тој план се уште не го видовме од никој, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Прашани за иницијативата Мал Шенген, И Пендаровски и Вучиќ сметатаат дека иницијативата е нешто најдобро што го направил Балканот во последните 30 години и не е создавање на четврта Југославија или алтернатива за Европската Унија. Ги повикаа во проектот да се вклучат и Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои се се уште воздржани. На 45-минутната прес-конференција не изостанаа и малите досетки на Вучиќ, кои почнаа уште кога Пендаровски ги стави слушалките за превод.

Па, Стево што ќе ги е превод, кога се знаеш, како им јас. Мене не ми треба за македонски, а тој 10 пати подобро српски зборува.

Сега Стево тоа ќе го спакува како обланда. Сега се ќе ви објасни дека е Свет пат.

Во рамките на првата посета на Србија како претседател, Пендаровски се сретна и со српската премиерка Брнабиќ, а утре ќе има и обраќање на Регионален младински форум во Нови Сад.

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија

Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии.

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

„Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива. ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата до недоглед како што тоа го правеше Груевски. Затоа, во среда, една недела од денеска, сме исправени пред уште една голема одлука – дали ќе го дадеме нашиот глас за да одиме напред, во европска иднина, или ќе гласаме за да се вратиме назад и да го вратиме режимот кој нѐ гушеше 11 години“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ им порача на граѓаните дека ова се исклучително важни избори за европската иднина на државата.

„Гласот ЗА е глас за сигурна, безбедна и европска иднина на Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме“, рече Ковачевски.

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. /МИА

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот каде престојувал осомничениот 36-годишник во Скопје била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 56,40 грама и 15 семки кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род канабис, еден шприц со остатоци од хашиш смола, едно полиетиленско пакување со наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,40 грама, пет полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна нето маса од 5,13 грама и едно полиетиленско пакување со психотропна супстанца MDMA со вкупна нето маса од 0,45 грама. Дрогата и психотропните супстанции зедно со три дигитални ваги биле пронајдени и одземени од овластени службени лица, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

притисни ентер