Анѓушев: Енергетската заедница ја прогласи земјава за шампион во реализација на енергетските реформи

Енергетската заедница во последниот редовен извештај објавен денеска го нотираша напредокот во имплементација на реформите во енергетскиот сектор во Република Македонија и ја посочи нашата земја како шампион во спроведување на енергетски реформи.

Тоа го истакнал вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при учеството на панелот во Вашингтон „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран", одговарајќи на прашањето како го оценува имплементирањето на реформите во енергетскиот сектор и кој проект би можел да го издвои како клучен во насока на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

На панелот, кој се одржа во рамки на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии – нови перспективи", во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини, учествуваа и грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес.

Анѓушев потенцирал дека усвојувањето на Законот за енергетика во мај минатата година и имплементацијата на сите реформи кои произлегуваат од овој Закон по предвидената динамика носат многу можности за развој на енергетскиот сектор во Македонија, особено кога станува збор за обновливите извори на енергија.

Пред учесниците на панелот вицепремиерот потенцираше дека е успешно реализирана тендерска постапка за изградба на првите 19 мегавати инсталирана моќност од фотоволтаични електрани на државно земјиште.

– Тендерот беше одлично конципиран и условите многу атрактивни за инвеститорите, почнавме со позитивна понуда за премиуми, но со поддавањето меѓу заинтересираните компании, не само што државата нема да исплаќа ремиуми, туку и компаниите за да ги изградат тие фотоволтаични електрани од 19 мегавати ќе и исплатат на државата околу 2,5 милион евра, што е позитивен исчекор во зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и еден од најдобрите проекти во Југоисточна Европа, рекол вицепремиерот.

Од аспект на електро-енергетската инфраструктура, како што појаснил, нашата земја е многу добро поврзана со соседните преку осум постоечки далекуводи, а за уште подобро поврзување во тек се процедурите за изградба на уште еден далекувод за електро-енергетско поврзување со Албанија.

-Она што ни недостига е добро гасно поврзување. Во моментов има само една гасоводна цевка за снабдување која доаѓа од Бугарија, при што во голема мерка зависиме од снабдувањето со гас преку Гаспром. Нашиот главен приоритет во таа смисла е изградбата на гасоводен интерконектор меѓу Македонија и Грција, со кој би се поврзале со Трансатлантскиот гасоводен систем и терминалите за природен гас на брегот на Егејското море, нагласил Анѓушев.

Тој информирал дека е изработена физибилити студијата и е одредена трасата по која ќе поминува овој гасовод, како и дека е во тек изработка на студијата за заштита на животната средина и основен проект. Обезбедени се и финансиски средста преку Европската инвестициона банка, што значи дека веќе сме во финална фаза пред објавување на тендерската постапка за изградба на гасниот интерконектор. Заедно со Република Грција треба да работиме на овој проект, на тој начин би се зголемила конкурентноста во снабдување со гас, што значи и сигурност и поповолни цени за крајните потрошувачи, потенцирал Анѓушев.

Како што стои во соопштението, вицепремиерот истакнал дека Македонија мора да биде и е отворена за секаков вид соработка со другите земји, особено кога станува збор за соработка во енергетскиот сектор. СЕ осврнал на имплементацијата на владините економски политики и потенцирал дека изминатиот период се реализирани одлични економски резултати кои се претставени преку намалувањето на невработеноста, покачувањето на просечните плати, растот на индустриското производство, нивото на странски директни инвестиции, што доведе до раст на БДП од над три проценти во последните пет квартали.

– Нашата земја, но и другите земји во регионот, во поглед на производството на електрична енергија се во голема мера зависни од производството на термоцентралите од јаглен, а согласно новите трендови за заштита на животна средина, потребна е транзиција кон поеколошки капацитети за производство на енергија, користејќи ги обновливите извори, рекол вицепремиерот.

Во тек на конференцијата, вицепремиерот се сретнал и со Вилбур Рос, секретарот за трговија во Стејт Департментот, со Метју Палмер, специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, како и други претставници од политичкиот и економски живот во САД, се наведува во соопштението. /МИА

Соопштение од ДОМ за дивоградбите покрај Охридското Езеро

Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите. 

Секојдневно сме сведоци на ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност. Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот регион и неговиот УНЕСКО статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината Уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје! Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на Уредбата на Владата.

Сектор за односи со јавноста – Демократска обнова на Македонија (ДОМ)

Николовски од Берово: Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка на Северна Македонија, ова е потврда на правилните политики, но и потврда на македонскиот јазик

„Особено сме горди што денеска на првиот ден од претседавањето на нашиот голем пријател Германија, беше соопштена преговарачката рамка на Македонија и Европската унија. 

,,Ова е огромна одлука за македонските граѓани, голем чекор кој е потврда на се она што го правевме овие две години. Но, ова е и потврда на македонскиот јазик", порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме, на вчерашната трибина во Берово.

„Да стигнеме денеска до оваа Одлука во време на криза, ова е убава и важна вест за сите граѓани. Европската комисија ја усвои Преговарачката рамка за Македонија. Таа потврдува дека македонскиот јазик е загрантиран, таа потврдува дека целокупниот правен систем на ЕУ ќе биде преведен на македонски јазик. Тоа го пишува во денешната одлука", рече Николовски.

Тој нагласи дека концептот предвиден во Програмата на СДСМ и Коалицијата го трасира патот на сигурноста, безбедноста, но и развојот на новата македонска економија.

„Таа гарантира враќање на младите во земјата, но и силен развој на економијата. Успеавме заедно сите да го срушиме режимот и за две и пол години направивме огромен исчекор", рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ и Коалицијата „Можеме" нуди чесни и одговорни кадри во ИЕ 3, но и во сите Изборни единици кои гарантираат развој на демократијата, економска стабилност и просперитет.

„Само Вистина“ вечерва со Зоран Иванов и Сотир Костов

Во вечерашната „Само Вистина“ ќе дебатираат Зоран Иванов и Сотир Костов.

Дами и господа, покрупни и поситни, „лавови“ и „орли“, терапија за "смирување" или за "имунитет" што ќе му „препише“ СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти Јули?

Можен ли е пост-изборен пресврт,па да видиме малцинска колација помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, или ќе имаме прв Албанец премиер?

Вечерва за сите жешки теми на ТВ дебатниот трон ќе дебатираат Зоран Иванов и Сотир Костов.

Се вжештува ли атмосферата на „бојното“ политичко поле, кој сече, кој лепи, кој монтира или политички „поентира“?

Како влијае врз здравјето толкава колчина предизборен "сеир"?

Имаме ли ментална матрица за правда и правдина?

Концесии за повластени тарифи, подарување туѓ имот, мини хидроелектрана или паркови на енергија на ветер, како поскоро до 500-тини евра просечна плата?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, кој прв ќе го "подвитка вратот" пред понудата на ДУИ, вечерва во Само Вистина, со Зоран Иванов и Сотир Костов, на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер