МакедонијаЦГК: Најмногу институции со „ограничено" ниво на транспарентност во јавните набавкиМинистерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало подобрување во однос на претходните години, во 2017 година изнесуваше 53,6 проценти, а во 2016 година 51,7 проценти. Тоа го покажува најновото рангирање на 21 институција, според транспарентноста, отчетноста и интегритетот во јавните набавки, што го објави денеска Центарот за граѓански комуникации. Станува збор за анализа за 2018 година која е трето годишно истражување на начинот на којшто институциите ги спроведуваат тендерите, во рамките на ЕУ проектот: Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки. Најмногу институции се рангирани во „ограниченото" ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки, со исполнување на критериумите меѓу 40 проценти и 60 проценти. На врвот се министерствата за економија и за одбрана, а на дното министерствата за здравство и за образование и наука. – Анализираните институции заедно потрошиле 124 милиони евра за јавни набавки во 2018 година. Поединечно, најмногу пари за јавни набавки потрошила институцијата која е најслабо рангирана, Министерството за здравство (39 милиони евра), додека, пак, Министерство за економија, како прворангирана, е во групата на институции со помал обем на јавни набавки (334.000 евра). Институциите со минимално ниво на транспарентност, отчетност и интегритет во 2018 година потрошиле 31 процент од парите, наспроти 2016 година, кога тој удел изнесувал дури 75 проценти од вредноста на тендерите на Владата и на Собранието, стои во анализата. Според истражувањето, 86 проценти од институциите го објавуваат годишниот план за јавни набавки на своите веб-страници, само половина ги објавуваат огласите за јавните набавки, а само две ги објавуваат известувањата за склучените договори. Плановите за јавни набавки просечно се реализираат 65 проценти. Најниската реализација на една институција изнесува 32 проценти, а највисоката 92 проценти. Само четири институции, според истражувањето, просечно добивале повеќе понуди по тендер отколку националниот просек. Во дури 68 проценти од набавките, институциите определиле т.н. разумни рокови за поднесување понуди, односно подолги од законски минималните. Пораснала концентрацијата на фирмите на тендерите. Кај дури пет институции, уделот на еден носител на набавка во вкупната вредност на тендерите е повисок од 40 проценти, што се смета како праг за концентрација. – Процентот на тендерски документации со дискриминаторски елементи кои можат да ја ограничат конкуренцијата е намален од 29 проценти во претходните две години на 18 проценти во 2018 година. Секој трет тендер на анализираните институции бил поништен. За разлика од ланските 25 проценти, за 2018 година процентот на поништени тендери изнесува 30,3 проценти. Поединечно, процентите се движат меѓу 10 проценти и 73 проценти, се наведува во истражувањето. Како што се дополнува, намалено е користењето на постапката со преговарање без објавување оглас. Зголемен е просечниот удел на доставени жалби од фирмите во вкупниот број огласи кај анализираните институции. Овој удел изнесува 5,7 проценти, што е повисоко од националниот просек за 2018 година од 3,3 проценти и од ланските 4,6 проценти. Истражувањето покажало дека се влошува одговарањето на институциите на доставените барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Лани одговориле просечно за 38 дена, годинава за 42, иако максималниот законски рок е 30 дена. Констатирано е и дека малку институции имаат интерни правила за јавните набавки, особено за оние аспекти кои не се прецизно регулирани со законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ФудбалМодриќ: Ќе играм додека чувствувам страст Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот. Дерби и амбиции за титулата По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот. „Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ. Продолжување на договорот и планови за иднината Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина. „Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветВооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајциГватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди. Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал. Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити. Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада. Тагови: Гватемала напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 15 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook