Пекарски компир со арома на рузмарин

Рецепт на: Попоски Бранко

Потребни состојки: 1 килограм компири, пченкарен скроб, рузмарин гранчиња, маслиново масло, сол, бибер, чубрица, триена сол. По желба хумус со магдонос и лук.

Подготовка: Компирите ги лупиме и ги сечеме на долги ленти. Во длабок сад ставаме еден филџан пченкарен скроб., рузмарин гранчиња, еден филџан маслиново масло, сол и бибер по вкус, чубрица и една лажица триена сол. Ги тркаламе компирите низ смесата и ги поставуваме на хартија за печење. Рерната ја загреваме на 220 степени и печеме 40 минути. Компирите може да ги послужите со хумус со лук и магдонос.

притисни ентер