Честитка од Пендаровски по повод Денот на Mакедонската револуционерна борба

Дозволете да ви го честитам 23 Октомври ‒ Денот на Македонската револуционерна борба. 

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври - Денот на Mакедонската револуционерна борба.

Пред 126 години со формирањето на Македонската револуцонерна организација беа удрени темелите на организираната револуционерна борба за слобода и за создавање независна македонска држава. Беа потребни години на непрекината борба, страдања, хероизам и непокор, беа потребни Илинден 1903 и АСНОМ 1944, Референдумот на 8 септември 1991 за конечно да создадеме држава. Ние, денешните генерации, ги уживаме резултатите на револуционерната борба ‒ живееме во слобода, во своја самостојна држава.

Секое време носи можности и искушенија. Секоја генерација има свои предизвици и цели. Нашиот предизвик е да ја направиме Република Македонија просперитетна и почитувана, демократска и модерна. За тоа ни треба толеранција во меѓусебните односи, почит за другите, одговорност кон заедницата, грижа за животната средина и помагањето на ближните. Ни треба сплотеност без разлика на етничка, верска, политичка или каква било припадност. Не смеат да нè обесхрабруваат никакви пречки и премрежија. Го знаеме својот пат и на тој пат продолжуваме заедно.

Нека ни е честит 23 Oктомври!

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

Бранителот на тронот Денвер по трет пат подобар од ЛА Лејкерс

Кошаркарите на шампионот Денвер поведоа со 3:0 во првото коло од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава на гостински терен го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 112:105.

Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ повторно беше најзаслуниот за триумфот на популарните Грутки над тимот на Леброн.

Јокиќ за 39 минути на паркетот постигна 24 поени, имаше 15 скока и девет асистенции, што значи дека беше на прагот на уште еден „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот. На овој начин Нагетси ја остварија единасеттата победа во низа против тимот од Лос Анџелес, а легендарниот Леброн Џејмс за првпат во кариерата загуби десет последователни натпревари против еден тим. Денвер сега е на чекор до конференциско полуфинале, затоа што води со 3-0 во серијата со „езерџиите“. Покрај Јокиќ, во „Крипто центарот“ расположен беше и Арон Гордон кој постигна 29 поени, додека кај Лејкерси, Ентони Дејвис имаше учинок од 33 поени и 15 скока, а Леброн Џејмс даде четири поени помалку.

притисни ентер