Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
2Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани
МакедонијаПратеничката Фросина Ременски,во моментот е во Кривичниот судПратеничката Фросина Ременски,во моментот е во Кривичниот суд, пред судија на претходна постапка. Судијката треба да одлучи дали ќе и одреди некоја од мерките на претпазливост, кои ги бара обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи од вчера и Ременски е осомничена во проширената истрага за „Рекет“’. Денес во судот треба да се појават и таткото на Боки 13, Миле Јовановски, како и неговата асистентка. За Јасна Мандиќ пак синоќа беше донесена одлука за куќен притвор. Инаку обвинителството денеска ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, потврди синоќа обвинителката Вилма Рускоска. Обвинителката Рускоска по исказот на Мандиќ синоќа рече дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Обвинителката посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата. Но тоа не се официјализирало. За пратеничката Фросина Ременски, Рускоска кажа дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЖител на Желино со Мерцедес удрил во полицаец, кој му сигнализирал да застане СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(53) од с. Стримница, Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 24.07.2026 на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, пријавениот додека управувал патничко возило „мерцедес“ не застанал по наредба на полициски службеник, при што истиот продолжил да се движи и со возилото удрил полициски службеник додека извршувал службени дејствија., соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАлесандра Амброзио ги запали мрежите со снимка во минијатурно бикини (ФОТО)Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) ужива на одморот на Бали, а на Инстаграм сподели нови фотографии во бикини. Поранешниот ангел на Викторија Сикрет позираше во оскуден костим за капење од брендот Fae, познат по моделите кои откриваат многу кожа, пишува Ало! . Таа избра бикини Lumi & Jones Savanna со зебра шема и светло портокалови рабови. Фотографиите ги навела: „Улувату, со сол уште во мојата коса“. Таа на фотографиите позира речиси без шминка, со пуштена коса, а портокалово саронг искомбинирала со бикини. Се огласи и Викторија Сикрет Нејзината објава го привлече вниманието на бројните следбеници, а меѓу коментарите се најде и еден од официјалниот профил на Викторија Сикрет. Нашето девојче“, напишаа тие. Одговорија и навивачите. „Блескаш“, ѝ рекол еден следбеник, додека друг искоментирал: „Мојот ангел“. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Амбросио престојува на Бали со нејзиниот вереник Бак Палмер, дизајнер на машки накит. Според објавите на социјалните мрежи, изгледа дека на одмор им се придружиле и нејзините деца Ања и Ноа кои ги има со поранешниот партнер, претприемачот Џејми Мазура. Тие се вратија на местото каде што ја запроси Манекенката и нејзиниот вереник се вратија на Бали, каде Палмер ја запроси на 11 август оваа година. Тие потоа ја споделија радосната вест на Инстаграм со серија фотографии направени покрај океанот. Во едното, Алесандра позира во плетено бело и кафено бикини, додека Бак носи црни гаќички за капење. На друга фотографија тие ги покажаа малите тетоважи со срце што и двајцата ги имаат на зглобовите. „Би те избрал во овој и во секој друг живот. Засекогаш, љубов моја“, напиша Амбросио покрај објавата со која ја потврди свршувачката. По ангажманот во август, манекенката им се врати на деловните обврски. Таа во Лос Анџелес учествуваше на овогодинешното шоу на Викторија Сикрет, а сега повторно ужива на Бали.Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаРаководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓаниРаководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓаниОсновното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист. Со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител вчера беа извршени повеќе претреси и беше одземена документација и други предмети. Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос. Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот. Јавното обвинителство продолжува да презема дејствија за целосно испитување на настанот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook