Фијаско на разговорите на Македонско – Бугарската мешовита комисија

Жешката тема за идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието во бугарските учебници се сели во Македонија по вчерашната неуспешна средба на македонско-бугарската комисија за историја. 

Фијаско на разговорите на Македонско – Бугарската мешовита комисија

Седмиот по ред состанок кој се одржа во Софија од двете страни беше квалификуван како најбесполезен и најнеспокоен до сега. Ден по средбата, предводникот на македонскиот тим Драги Ѓеоргиев, за Канал 5 признава дека таа поминала во тензична атмосфера, а клучен камен на сопнување бил средниот век и поимите кои ги користат бугарските историчари во нивните учебници за територијата на земјава.

Дека разговорите во Софија не се поместиле од мртва точка, вчера потврдија и Ѓеоргиев и неговиот бугарски колега Ангел Димитров, кој порача дека вината за неуспехот не ја гледа во бугарската страна од комисијата. Сепак, двајцата се согласни дека, ваквата ситуација се должи на големите разлики во толкувањето на минатото и начинот на решавање на споровите.

Денешната средба ни беше седма по ред и слободно можам да кажам дека беше најнеуспешната. Најбезплодната е можеби најточниот збор, но во никој случај не беше најспокојна. Вчера и денес имавме многу интензивна, многу исполнета понекогаш со емоции работа. Но, резултатите се на нула. Не го сакавме тоа од бугарска страна, може да бидете сигурни дека е така. Почувствувавме неподготвеност за да се направат оние исчекори, кои нашата работа ги бараше.

Следната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија е предвидена да се одржи на средината на октомври во Македонија, каде повторно ќе биде отворено прашањето за Гоце Делчев, за кое вчера многу малку станало збор. Со тоа, пропаднаа и оптимистичките очекувања на премиерот Борисов до крајот на месецов да се затвори темата за револуционерот.

Открил тајна соба додека ја реновирал старата куќа- веднаш повикал помош

Корисник на Редит објави серија фотографии на кои е прикажана „тајна соба“ откриена при реновирање во неговиот дом.

Открил тајна соба додека ја реновирал старата куќа- веднаш повикал помош

Необичната соба ја нашол додека работел во бањата, а потоа решил да побара помош на социјалните мрежи, пренесува Мирор.

Совршено се вклопува.

"Купив куќа на рид во кој влегувате од средината. Долу има дневна соба, а горе спална соба. Задниот дел од куќата гледа надолу. Додека ја реновирав бањата, открив празна соба", објасни тој.

Мажот додал дека „тајната соба“ одлично се вклопува со дневната соба, што значи дека може да постави врата и да ја користи како дополнителна просторија.

„Се прашувам дали некој има идеја за намената на оваа просторија и дали ми треба посебна дозвола за да ја приспособам“, додаде тој.

UPDATE #1 - Found a hidden space under my house! Going to turn it into a wine cellar
byu/tuckerPi inhiddenrooms

„Внимавајте“

На објавените фотографии се гледа мал, изолиран простор кој би можел да се искористи. Многу корисници шпекулираа за што е тоа.

„Не сум сигурен за целта, но сум видел слични соби во бунгалови во планините. Тие се користеа како складиште или простор за намалување на влажноста“, напиша едно лице.

„Мислам дека поправањето на оваа соба би било мака, без вистинска вредност. Особено затоа што нема прозорци“, вели друг.

„Бидете внимателни и ангажирајте архитект ако планирате да направите промени. Можно е ѕидовите што ги гледаме да се носители и не би сакале да ја загрозите стабилноста на куќата“, советува трето лице.

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Европската унија подготвува одговор на новите царини за увоз на автомобили што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Европската комисија (ЕК).

Европската Унија подготвува економска одмазда: Трамп ќе збесне, ако дојде до тоа

Портпаролот на ЕК, Олоф Гил, изјави за новинарите дека ЕУ жали што новите американски царини за земјите-членки на ЕУ ќе стапат на сила следната недела, нагласувајќи дека Брисел се подготвува за тоа, пренесе Ројтерс.

Гил изјави дека не може да даде точен датум кога ЕУ ќе воведе реципрочни царини против САД, но рече дека може да даде гаранции дека одговорот ќе биде навремен и силен и дека ќе ги постигне предвидените ефекти.

Велика Британија не сака да ја ескалира трговската војна со САД, изјави британската министерка за финансии Рејчел Ривс, додека Франција и Германија бараат силен одговор на Европската унија на новите американски царини што ја погодија европската автомобилска индустрија.

„Трговските војни не се добри за никого. Во моментов не сме во позиција да преземеме мерки кои би можеле да доведат до ескалација“, изјави Ривс за Sky News, одговарајќи на прашањето дали Британија ќе воведе реципрочни царини против САД.

Од друга страна, германскиот министер за економија Роберт Хабер оцени дека воведувањето царини за увозните автомобили, што Трамп го најави во средата, бара одлучен одговор од ЕУ.

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека се надева дека ќе разговара за пониски царини со САД „што е можно поскоро“.

Трамп во средата објави царини од 25 отсто за увезените возила, што ескалирајќи ја глобалната трговска војна и предизвикувајќи критики и закани за реципрочни мерки од засегнатите сојузници на САД, објави Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го опиша потегот како „лош за бизнисите, полош за потрошувачите“.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе продолжи да бара решенија преку преговори, истовремено зачувувајќи ги своите економски интереси.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

притисни ентер