Авионите вклучени во гаснењето на пожарот во Дебрца

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување се ангажирани во гаснење на шумскиот пожар што веќе трет ден гори во шумски предел во атарот на селото Велмеј во Општина Дебрца.

Бројни екипи на ЈП „Национални шуми – Галичица", Територијалната противпожарна единица од Охрид, јавните претпријатија и граѓани се справуваат со пожарот што се уште гори.

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески истакна дека се работи за непристапен терен, при што е зафатена шума со смрека и бука, што го отежнува гаснењето на пламенот.

-Пожарот беше речиси изгаснат, но вчера околу пладне повторно избувна пламен така што се уште екипите и механизацијата се на терен. Од рано изутринава на терен се стотина лица вклучени во гаснењето што се одвива во отежнати услови, пред се поради непристапноста на теренот. Затоа и побарав активирање и на авионите во гаснењето на пожарот и спречување несакани последици од поголеми размери, рече Ногачески.

Препорака за ангажирање и на авионите во гаснењето на пожарот дало и Пoдрачното одделение при Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид.

Од Дирекцијата се апелира до граѓаните и институциите да се придржуват на препораките за забрана за движење во шумите и шумски предели. /МИА

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер