Тошковски на проштална средба со Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција
2Тошковски на проштална средба со Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција
3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
МакедонијаАзманов:Се потврди дека СЈО и Финансиската полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирањеАзманов е еден од бизнисмените кои се одважи јавно да проговори за начинот на рекетирање. Тој обвини за директна спрега на сега протворениот Боки 13 со специјалната обвинителка.Во сведоштвото на еден од бизнисмените кои бил цел на рекетирање, бизнисменот Азманов тој и денес стои зад своите зборови кога обвини дека телевизиската моќ Бојан Јовановски и блискоста со моќни луѓе ја злоупотребил за да го уценува и да го елиминира од пазарот. Повеќе детали Азманов во својата денешна изјава не сакаше да открива бидејќи веќе по допрен глас бил повикан во обвинителството за организиран криминал и не сака да и наштети на истрагата. Тој смета дека целта на рекетирањето било да се дискредитира неговиот бизнис за да може некој друг ,како што тврди тој, да нема конкуренција во градежништвото. Тој од министерот за внатрешни Спасовски уште пред неколку месеци побарал да се поведе истрага за сите наводи кои биле спомнати против него но да се спроведе истрага и за работењето на Бојан Јованоски. Азманов е еден од бизнисмените кои се одважи јавно да проговори за начинот на рекетирање. Тој обвини за директна спрега на сега протворениот Боки 13 со специјалната обвинителка. Азманов сега остава на надлежните да го решат случајот и да ги расчистат сите работи до крај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев: Сменета единицата за борба против дрогата во КумановоДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (17.09.2026) оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (17.09.2026) оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка. По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога. Сите членови на единицата се разрешени и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници. „Во борбата против криминалот нема простор за работа само на хартија. Потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога и разбиени криминални мрежи. Кога резултатите изостануваат, следува одговорност – без изговори и привилегии“, порача Јанев. Тој најави дека ќе продолжат одлучните чекори секаде каде што ќе биде констатирано неработење или отсуство на резултати, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на проштална средба со Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграцијаПроштална средба на министерот Тошковски со британскиот амбасадор Метју Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (17.09.2026) оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во земјава. На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната конструктивна соработка меѓу двете држави, со посебен осврт на партнерството во областа на безбедноста и борбата против криминалот. Соговорниците ја истакнаа важноста на зајакнувањето на институционалните капацитети и координираниот одговор на заедничките безбедносни предизвици, особено во справувањето со илегалната миграција и организираниот криминал, кои по својата природа ги надминуваат националните граници и бараат тесна меѓународна соработка. Министерот Тошковски му се заблагодари на амбасадорот Лосон за неговиот придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработката со Министерството за внатрешни работи, посакувајќи му успех во понатамошниот професионален ангажман. На крајот од средбата, двајцата соговорници изразија очекување дека воспоставеното партнерство ќе продолжи да се развива и со новиот британски амбасадор, кој треба да ја преземе функцијата во средината на октомври 2026 година, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕден загинат во страшно невреме во Шпанија, најмногу е погоден регионот околу Барселона (ВИДЕО)Едно лице загина откако силни бури ги погодија областите околу Барселона и Валенсија на шпанскиот медитерански брег, предизвикувајќи поплави и проблеми со сообраќајот.Мажот беше однесен заедно со својот автомобил додека се обидуваше да премине мал поток во близина на Оливела, југозападно од Барселона, соопштија пожарникарите. Спасувачките екипи го пронајдоа неговото тело неколку часа подоцна. Шпанскиот весник „Ла Вангардија“ објави дека станува збор за британски државјанин кој живеел во областа. Heavy rain and flash flooding hit Valencia and the Barcelona area on Wednesday night, prompting emergency alerts, road closures and disruption to metro, rail and airport operations. In Valencia province, downpours of 80–100 mm in under two hours flooded streets in Torrent, Chiva, l’Eliana and parts of the city. The metro was suspended, Valencia airport closed for about an hour with flights diverted, and authorities issued an ES-Alert warning residents to stay away from ravines — including the Barranco del Poyo, the same waterway that overflowed in the 2024 disaster. No fatalities have been reported so far. South of Barcelona, similar storms triggered a red weather warning and an ES-Alert. Roads and metro lines were affected, flights were cancelled at El Prat, and a hospital basement flooded. One man died after being swept away in a ravine in Olivella (Garraf). The episode comes nearly two years after the October 2024 floods that killed more than 220 people in the Valencia region. — Vitamvivere (@Vitamvivere) September 17, 2026 Во среда, до 80 литри дожд на квадратен метар наврнаа за само неколку часа во областа околу Барселона. Уште пообилни дождови ја погодија Валенсија и околните области, каде што наврнаа до 100 литри дожд на квадратен метар. Летовите беа откажани, а локалниот сообраќај беше прекинат и во Барселона и во Валенсија. Патиштата во североисточна Шпанија се претворија во порои, а подрумите беа поплавени. Ветрот корнеше дрвја, а натпревар е откажан Налетите на ветер достигнаа брзина до 100 километри на час и корнеа бројни дрвја. Поради бурата, фудбалскиот натпревар од првата лига мораше да биде откажан. Патиштата беа поплавени и во регионот Мурсија. Во октомври 2024 година, регионот Валенсија беше погоден од една од најлошите поплави во историјата на Шпанија, при што загинаа најмалку 229 луѓе и беше предизвикана штета од милијарди евра. Националната метеоролошка служба на Шпанија, AEMET, предупреди дека сè потоплото Средоземно Море, поврзано со климатските промени, може да доведе до почести екстремни врнежи.Тагови: БАРСЕЛОНА Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook