САД подготвуваат жесток удар врз Русија- се огласи Кремљ - Канал 5

САД подготвуваат жесток удар врз Русија- се огласи Кремљ

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој на претседателот Доналд Трамп му се даваат нови овластувања за воведување царини. 

САД подготвуваат жесток удар врз Русија- се огласи Кремљ

Мерката е дизајнирана да изврши притисок врз најголемите светски увозници на руска нафта и гас, со цел да се казни Москва за инвазијата на Украина.

Законот беше усвоен со 262 гласа „за“ и 159 „против“ и сега ќе биде потпишан од претседателот Трамп. Минатиот месец предлогот беше одобрен од Сенатот, со поддршка од двете партии, но некои демократи се спротивставија на неговото усвојување. Тие изразија стравување дека Трамп би можел да ги злоупотреби проширените царински овластувања.

Новите регулативи не се насочени само кон руски поединци и компании, туку и кон петте најголеми светски увозници на руска нафта и гас. Според законот, Трамп добива овластување да воведе тарифи до 100 проценти на земјите што купуваат руска енергија. Законот ги продолжува и санкциите против Иран до 2031 година.

Според податоците презентирани од Жан Шахин, водечка демократка во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Кина е најголемиот увозник на руски фосилни горива и сама учествува со 51 отсто од приходите на Москва од нивната продажба.

Белата куќа потврди дека претседателот Трамп има намера да го потпише законот, пишува Wall Street Journal.

Подготовката на законот траеше повеќе од една година, а негов главен предлагач беше покојната сенаторка Линдзи Греам. Процесот беше забрзан во текот на летото по ненадејната смрт на Греам. Отприлика во исто време, Трамп почна да покажува поголема наклоност кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно импресиониран од успесите на украинската војска на бојното поле.

Целта е да се изврши притисок врз Путин пред зимата

Републиканецот Мајкл Мекол, предлагач на мерката, истакнува дека е важно законот да се донесе пред зимата. Целта, вели тој, е да се изврши притисок врз Владимир Путин и неговите сојузници пред Русија повторно да почне да ја напаѓа цивилната инфраструктура, како што се електричната мрежа и водоснабдувањето.

„Ова ќе ги погоди таму каде што е најчувствително и ќе создаде притисок потребен за да се доведе Путин на преговарачка маса. Во исто време, ќе ја принуди Кина да влијае на Путин, бидејќи тие ќе страдаат поради овие царини“, рече Мекол.

Сомнежи за ефективноста и страв од злоупотреба

Од друга страна, највисокиот демократ во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Грегори Микс, се сомнева дека законот ќе ја постигне посакуваната цел.

„Претседателот Трамп има широки нови овластувања, а во исто време му е дозволено едноставно да ги заобиколи самите санкции што треба да ги наметне законот. Тој можеше да ги воведе тие санкции порано, но во изминатите 19 месеци не го стори тоа“, рече Микс во соопштението.

И покрај тоа, извори запознаени со случувањата наведуваат дека Белата куќа директно го охрабрила републиканското раководство во Претставничкиот дом да го забрза усвојувањето на законот. Клучните застапници го поздравија усвојувањето на законот. „Им велам на народот на Украина: вие не сте сами“, рече сенаторот Ричард Блументал, кој ја предводеше иницијативата во Сенатот. Потоа му се обрати на Путин: „Вашата економија се колеба. Ќе ја уништиме вашата воена машина“.

Томас Рајт, експерт за надворешна политика во Институтот Брукингс, смета дека новите овластувања предизвикуваат загриженост дека Трамп би можел да ги користи премногу широко. „Трамп во вториот мандат покажа дека му се допаѓаат тарифите како инструмент и дека сака постојано да ги користи за уценување на други земји“, рече Рајт. Тој додаде дека многу пратеници го слават овој потег како победа на Украина, но тој се прашува: „Дали симболичната победа вреди за ризиците што доаѓаат со новите царински овластувања?“

Дипломатски напори пред гласањето

Американските политичари долго време повикуваат на построг став кон Русија, бидејќи војната во Украина влегува во својата петта година. Москва напаѓа цивилни цели низ Украина со беспилотни летала и проектили, вклучително и возови и бензински пумпи, а Украина возвраќа со напади врз руски нафтени рафинерии.

На почетокот на овој месец, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф ги посетија Москва и Киев. Нивната посета дојде откако шефот на ЦИА Џон Ретклиф помина неколку часа во Москва на разговори со неговите руски колеги на крајот на август.

Со цел да обезбеди најширока можна поддршка од американските пратеници, украинскиот претседател Зеленски го посети Капитол Хил во јули и се состана со десетици сенатори пред гласањето. Претходно овој месец, неговиот пратеник за политика на санкции, Владислав Власјук, беше во Вашингтон, каде што, исто така, се состана со двопартиски претставници и претставници на администрацијата.

Кремљ: Новите американски санкции ќе го отежнат постигнувањето мир во Украина

Новите американски санкции против Русија ќе го отежнат постигнувањето мировен договор во Украина, соопшти Кремљ.

„Го следиме развојот на ситуацијата околу овој документ. Тоа е непријателски потег, а воведувањето на какви било дополнителни американски санкции сигурно ќе ги комплицира напорите за изнаоѓање мирно решение во Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. 

Поп-Илиоски: Менторот Филипче и Горан Бетон Герасимовски, ветуваа затворање на Дебар Маало, а го прават животот на жителите уште потежок

Почитувани центарци,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сме на улицата „Рузвелтова“, каде што се отвора сериозно прашање за безбедноста на граѓаните. Влезот во објектот е предвиден од главната улица, наместо од задната страна, со што се отвора прашањето за безбедноста на пешаците и возилата. Во населба каде што паркирањето е огромен проблем, а зеленилото сè помалку, секое вакво решение дополнително го оптоварува просторот.

Господине Горан Бетон Герасимовски, ветувавте дека ќе го затворате Дебар Маало за да го заштитите квалитетот на живот на жителите. А денес, наместо да им го олесните животот, дополнително им ги отежнувате секојдневието и движењето! Каде се ветените решенија за безбедноста, паркирањето и зеленилото?

Герасимовски, граѓаните заслужуваат да знаат кој ги одобрил ваквите решенија и дали е направена соодветна процена на безбедноста. Не може да се ветува уредено и хумано Дебар Маало, а притоа да се носат одлуки што отвораат нови проблеми за луѓето што веќе живеат таму.

Дебар Маало не е простор за експериментирање на сметка на граѓаните! Бараме Општина Центар да ја преиспита безбедноста на влезот од „Рузвелтова“ и јавно да објасни како ќе ги заштити пешаците, ќе го решава паркирањето и ќе го зачува зеленилото. Жителите заслужуваат решенија, а не уште едно неисполнето ветување!

Сашо Поп-Илиоски, претседател на правна комисија на ОК Центар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност.

Хоџа: Пет дигитални модули за поголема транспарентност и поефикасна заштита на животната средина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција ги презентираше петте модули на иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“, насочени кон поголема транспарентност, поефикасни административни постапки и подобро управување со податоците и процесите поврзани со животната средина.

„Дигитализацијата за нас не е само софтвер. Таа е политичка алатка за правда. Таа е сурова транспарентност. Каде што има дигитален систем, нема простор за криење. Таму завршува неефикасноста на системот“, истакна Хоџа.

Првиот модул, „ТЕМЕЛИ“, ќе овозможи граѓаните, медиумите и граѓанските организации да имаат увид во проектите што ги реализира Министерството, нивната вредност, роковите, локациите и изворите на финансирање.

Модулот „ЈАДРО“ опфаќа дигитализација на архивата и просторно-информативниот систем. Дигиталната архива ќе овозможи електронско следење на предметите, увид во нивниот статус и информација за службеникот задолжен за нивното постапување. Овој процес се реализира во соработка со Министерството за дигитална трансформација. Дигитализацијата на просторно-информативниот систем е веќе завршена и овозможува подобро управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја и поголема транспарентност во постапките поврзани со нив.

Преку модулот „ВРЕМЕ“, Министерството учествува во реформите за поедноставување на административните постапки. Целта е граѓаните да се ослободат од сложени процедури. Од околу 30 чекори за поедноставување на постапките поврзани со Министерството, 15 се предвидени во првата фаза, која треба да заврши до крајот на годината.

Модулот „ЗЕМЈА“ предвидува дигитално мапирање на дивите депонии во општините, со цел полесно планирање на средствата и ресурсите за нивно расчистување, како и подготовка за воспоставување на регионалните центри за управување со отпад. Функционалноста на платформата ќе биде предмет на консултации со граѓанските организации, ЗЕЛС и стручната јавност, а нејзината реализација е предвидена во буџетот за 2027 година. Паралелно, во неколку општини се спроведува пилот-проект за видео-надзор на дивите депонии.

Петтиот модул, „ВОЗДУХ“, предвидува воспоставување дигитален регистар во кој 140 иматели на А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат податоците за емисиите согласно условите од издадените дозволи. Регистарот е поврзан со Законот за контрола на емисиите во воздухот, кој стапува во сила во септември 2027 година.

Во наредниот период Министерството ќе ги презентира модулите поединечно, со детални информации за нивната функционалност и придобивките за граѓаните.

„Ова не е само дигитализација. Ова е нов вредносен систем. Ова е нашиот зелен пресврт“, порача Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

Од почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. 

Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581).

Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин.

Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно.

Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани.

„Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер