Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш - Канал 5

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Гледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името и правел политички конструкции чија цел е моја политичка дискредитација и ништо друго.

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте си го објавиле на youtube каналот на СДС. Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси мене. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме „спаси“.

Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ.

Затоа што никогаш не сум барала од кого било да ме „спасува“. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш.

Знаеме сите дека СДС има искуство со вакви конструкции. Долго време бевте на чело на систем во кој политичките приказни, инсинуациите и „оперативните“ конструкции се користеа како средство за пресметка со политички противници.

И кога веќе толку лесно зборуваш за „фалсификување“, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи.

Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив, објави на ФБ Марија Митева, портпарол на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата технологија ги реконструира сликите директно од мозокот- следно е снимање на соништата

Тим научници од израелскиот институт за наука Вајцман создаде алгоритам за вештачка интелигенција кој може да реконструира слика од она што го гледа една личност по само еден час скенирање на мозокот. 

Новата технологија ги реконструира сликите директно од мозокот- следно е снимање на соништата

Новата технологија драстично го намалува времето на обработка од претходните 40 часа на само 60 минути, отворајќи го патот за масовна употреба на овој систем, објави МИТ. Додека истражувачите најавуваат дека наскоро ќе снимаат човечки соништа, водечките светски експерти предупредуваат на опасноста од кражба на тајни мисли.

Раководителот на истражувањето, Михал Ирани, објасни дека нивниот систем користи специјални модели кои одделно ја анализираат структурата и содржината на сликата. Алгоритмот учи со претпоставки за мозочната активност и споредувајќи ги со реални снимки. Благодарение на ова, машината успешно препознава предмети што лицето никогаш порано не ги видело во скенерот.

Сепак, компјутерот сè уште прави необични грешки за време на обработката на податоците. Во еден тест, алгоритмот реконструираше слика од колач од тесто како три наредени сендвичи. Во втор обид, куче во када беше заменето со коза под туш.

Иако овие грешки може да изгледаат симпатично, продолжувањето на проектот претставува сериозни ризици за човековата приватност. Научниците веќе работат на замена на скапите магнетни резонанци со едноставни ЕЕГ слушалки со електроди. Ова значи дека во блиска иднина, некој би можел да ги чита вашите мисли без да забележите додека носите обични слушалки.

Невробиологот Томи Спрег од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, вели дека цената од 1.000 долари на час за скенирање досега ги заштитила луѓето од злоупотреба. Преминот кон евтини, достапни уреди фундаментално ги менува работите. Според него, научнофантастичното сценарио каде некој тајно ви ја боцка главата би можело да стане реалност во секој момент.

Невронаучникот Марчело Јенка од Техничкиот универзитет во Минхен има слично предупредување. Тој тврди дека приватните компании би можеле да ги користат овие податоци за да извлечат лични информации за корисниците без нивна согласност. Јенка забележува дека дури и судовите во иднина би можеле да бараат ментални слики од осомничените како доказ.

И покрај сите закани, оваа технологија нуди голема надеж за целосно парализирани луѓе кои не можат да зборуваат. Со помош на читачи на мозочни бранови, пациентите конечно би имале можност да комуницираат со околината. Авторката на проектот, Михал Ирани, вели дека е свесна за ризиците, но продолжува да работи фокусирана на добрите страни на нејзиниот изум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека напорите за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море се важни, соопшти турското претседателство.

Разговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море

Ердоган ја повтори понудата на Турција да помогне во посредувањето и олеснувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс.

Турција, членка на НАТО која одржува добри односи и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, постојано ги повикува двете страни да ги запрат нападите во Црното Море, соопшти агенцијата.

Анкара соопшти дека чека одговор на предлогот што им го доставила на Русија и Украина, а чија цел е запирање на нападите и обезбедување безбеден транспорт на жито од регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила

Европската Унија подготвува заштитни мерки за ограничување на увозот на кинески хибридни возила на европскиот пазар со цел да го намали трговскиот дефицит со Кина и да ја заштити својата автомобилска индустрија.

ЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила

Европската комисија, која се занимава со трговски прашања во име на Европската Унија, би можела да воведе ограничувања по наглото зголемување на продажбата на хибридни возила, произведени во Кина во Европа, дознава Блумберг од анонимни извори запознаени со ситуацијата.

Заштитните мерки ѝ дозволуваат на ЕУ да го ограничи увозот на производи од одреден сектор доколку има нагло зголемување на увозот.

Комисијата би можела да го направи ова преку тарифни квоти, кои наметнуваат дополнителни даноци за увоз над одреден обем.

Предложеното ограничување би било временски ограничено, забележаа изворите.

Комисијата планира да ги користи хибридите како тест, кој, доколку биде успешен, би можел да се примени и во други сектори во кои Европската Унија има трговски дисбаланс.

Веста предизвика раст на акциите на европските производители на автомобили.

Акциите на Фолксваген денес пораснаа за 4,6 проценти, на Рено за 6,1 процент, а на Мерцедес-Бенц за 2 проценти.

Комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, ќе отпатува во Пекинг подоцна оваа недела, а негов клучен соговорник ќе биде кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао.

Плановите на Европската Унија би можеле да се променат во зависност од исходот од тие разговори, велат извори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер