Руски пранкери тврдат дека разговарале со Заев, претставувајќи се како Порошенко и Столтенберг

Дали македонскиот премиер Заев е последниот во низата политичари кои наседнаа на руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столаров, во јавноста познати како Пранкерите Вован и Лексус?

Тие синоќа на својот јутјуб канал објавија снимка во должина од речиси еден час, за која велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и април 2019... Во нив, комичарите, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг разговараат со македонскиот премиер на повеќе теми –ситуацијата пред референдумот, дали Русија има влијание во нашата држава, како и за Косово и Србија. Се разговара и околу добивањето на автокефалност на македонската православна црква, а лажниот „Порошенко” го убедува Заев дека истата може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Од македонската влада засега нема потврда за автентичноста на објавените разговори...

Инаку, мета на руските пранкери досега биле и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.

Повредена малолетничка од Скопје при обид да избега од Психијатриската болница

​Малолетничка од Скопје, при обид да избега од Психијатриската болница при Комплекс клиники, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар, потврдија за МИА од МВР.

Појаснуваат дека за овој случај денеска во 10.22 часот е пријавено во СВР Скопје.

Гејмерите повеќе претпочитаат „Windows 10“ од „Windows 11“

Тековниот оперативен систем на „Microsoft“ го загуби уделот на пазарот во текот на изминатиот месец на платформата „Steam“.

„Windows 11“ е најновиот и најдобар оперативен систем на „Microsoft“, и бидејќи платформата достигна широко усвојување, има смисла дека сè повеќе корисници ја испробуваат.

Сепак, според податоците објавени од платформата за игри на „Valve“- „Steam“, некои корисници кои се обиделе со „Windows 11“, всушност потоа се префрлиле на „Windows 10“. Најновиот оперативен систем на „Microsoft“ изгуби удел на пазарот во текот на изминатиот месец.

„Windows“ и понатаму е водечка платформа за компјутери за игри, со пазарен удел од 97,03 отсто, што претставува зголемување од 0,66 отсто во споредба со претходниот месец.

„Windows 10 64-bit“ беше најголемото изненадување во текот на јуни, забележувајќи рекорден раст од 1,91 отсто (држејќи 73,17% од пазарот). „Windows 11“ имаше пад од 0,11 отсто и сега држи 21,12 отсто од пазарот.

Кога станува збор за другите оперативни системи, „macOS“ е втор најпопуларен избор, но со вкупен удел од само 1,74 проценти. Во текот на јуни, „Linux“ постигна раст и сега има 1,23 отсто удел од уредите со инсталиран „Steam“.

Санкционирани 29 возачи поради непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во периодот од 7 до 11 часот била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Тетово, при што санкционирани се 29 возачи.

На сите прекршители, како што посочуваат од МВР, изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

притисни ентер