Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
АвтомобилизамНовиот Голф пристигнува како електрично возило: Фолксваген тврди дека ова е најдобриот дизајн досегаФолксваген откри нови детали за следната генерација на Голф, која треба да пристигне најрано во 2028 година - како целосно електричен автомобил.Според извршниот директор Томас Шефер, развојот оди во вистинската насока, а првите прототипови веќе оставиле силен впечаток во компанијата. Тој наведува дека дизајнот на Голф 9 е „исклучително убав“ и дека реакцијата од менаџментот е многу позитивна. Техничкиот директор Каи Гриниц открива дека дизајнот е речиси завршен - „96-97 проценти“. Интересно е што инспирацијата доаѓа од Голф 4, модел кој некогаш донесе голем чекор напред, но со модерен и препознатлив изглед. Новиот Голф ќе биде направен во две верзии: • целосно електрична верзија на новата механичка платформа „SSB“ • актуелниот модел со подобрен „plug-in“ хибриден погон на архитектурата „MQB Evo“ Целта на дизајнерите, предводени од Андреас Минт, е едноставен и чист дизајн кој ќе остане препознатлив без оглед на генерацијата. Идејата е Голф да остане „Голф“ дури и без логото - за да биде лесно препознатлив на прв поглед. Фолксваген најавува дека новата генерација ќе донесе еволуција, а не револуција, со акцент на безвременски дизајн и модерни технологии. Според Шефер, конечниот резултат би можел да биде „најдобриот Голф што некогаш го направиле“. Извор: Б92Тагови: голф фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин нема да нападне територија на НАТО Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почестиПоранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter