„Само Вистина“ интервју со Никола Димитров

Во вечерашната „Само Вистина“ гостуваше Никола Димитров.

- Очигледен е демократскиот пресврт кој го постигна нашата земја, ако не успееме во нашите евроинтегративни амбиции регионот ќе биде скептичен во тоа дека е добро да се носат тешки политички ризици за да се оди во ЕУ, смета Димитров.

- Тоа што високите европски претставници нè претставуваат како „блескав пример“ е знак дека сме подготвени да го почнеме процесот и уверен сум дека тоа ќе биде до крајот на годината, сите критики кои деновиве ги слушнавме од амбасадорите за решавање на домашните проблеми се добронамерни, дециден е Димитров.

- Ако Гоце Делчев ја види ситуацијава во која се наоѓаме не би се воодушевил, потребна е мудрост и зрелост од страна на Бугарија за ова прашање но мислам дека Бугарија нема никаков интерес да ни наштети, вели Димитров.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер