Николоски: Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што владата не спроведува реформи

На оваа сесија на ПС на Советот на Европа се избира нов Генерален Секретар на организацијата, изборот треба да се случи утре и навистина е привилегија да се учествува во овој избор.

Во рамки на летната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, повторно имам можност да бидам присутен овој пат како почесен гостин на Советот на Европа, имајќи го предвид почесното членство кое што го имам тука како резултат на претходните позиции и успехот во таа работа.

На оваа сесија на ПС на Советот на Европа се избира нов Генерален Секретар на организацијата, изборот треба да се случи утре и навистина е привилегија да се учествува во овој избор.

Исто така свое обраќање имаше министерот за европски прашања на Франција и претседателот на Португалија. Се зборува за иднината на Европа и реформите кои што се потребни.

Во исто време посета тука во Стразбур ја искористив и за бројни билатерални средби. Во текот на вчерашниот ден имав разговор и средба со претседателот на Европската Народна Партија, господинот Жозеф Дол, со кој што разменивме информации за состојбите во Македонија и сето она што се случува на политичката сцена како и работата на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така имав средби и со бројни пратеници од преку 20-тина европски земји и со сите разговаравме за перспективата на Македонија. За жал заеднички е впечатокот дека Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што владата на Заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува функционален систем на владеење на правото. Односно економијата тоне, корупцијата цвета и нема воспоставен систем на владеење на правото.

Уште повеќе најголем дел од соговорниците се изненадени од деспотскиот однос на Заев кој што реши покрај премиер да биде и министер за финансии, пример невиден било каде во било која европска демократија, пример кој што покажува кон кои деспотизам и автототалитаризам се движи Заев.

И финално неподелен е впечатокот помеѓу сите оние со кои што разговарав, дека најголемата стратешка грешка владата на Заев ја направи, договарајќи се со Еди Рама, Македонија и Албанија да влезат во иста група, затоа што Албанија ја влече Македонија назад. Со сиот неред кој што се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму сериозно ја влече Македонија назад и ги уништува европските перспективи на македонските граѓани.

Групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да се случи на европската интеграција на Македонија и затоа силно апелирав и замолив до сите оние кои што се сретнав да разговараат со своите министри за надворешни работи, да разговараат со своите премиери и да побараат одвојување на Македонија и Албанија, со цел Македонија да чекори напред. Тоа едниот пат кој што треба да го изоди Македонија, а вториот секако се внатрешните реформи.

За внатрешните реформи за жал не гледаме капацитет во владата на Заев и се надевам на брза промена на власта и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе може да ги заврши овие реформи. Но повторувам клучно е раздвојувањето на Македонија и Албанија во интеграцијата, затоа што групата со Албанија направена во договор помеѓу Заев и Еди Рама ја влече Македонија назад. Коленичењето на Заев пред Еди Рама мора да престане затоа тоа коленичење ја влече Македонија назад.

Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер