Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од парламентарното собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе „Дојче Веле“.

На Москва и беа суспендирани гласачките права поради анексијата на Кримскиот полуостров.

Парламентарното собрание на советот на Европа ја повика руската делегација да учествува во јунското заседание, а резолуцијата по тој повод била усвоена доцна синоќа, по девет часа дискусија.

„Правото на членовите да гласаат, да зборуваат и да бидат претставени во собранието и нејзините органи не може да биде суспендирано ниту поништено во контекст на оспорување или ревидирање на овластувањата“ се наведува во текстот на документот.

Џафери на дводневен парламентарен форум за лидерство во Вашингтон

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. 

На покана на Демократското партнерство на Претставничкиот дом на САД (ХДП) претседателот на Собранието Талат Џафери денеска и утре ќе престојува во работна посета во Вашингтон, САД. Во парламентарната делегација за и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска-Ременски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, дводневниот Парламентарен форум за лидерство е фокусиран на демократското обновување за борба против заедничките закани за демократијата. Исто така, во рамките на форумот, претседателот на Собранието Џафери и пратениците ќе остварат и билатерални средби со колегите од Конгресот и Владата на САД.

Програмата на ХДП е организирана од Националниот демократски институт (НДИ), со поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

На оваа програма од високо ниво, покрај Собранието на Македонија, поканети се да учествуваат и дваесет партнерски парламенти на ХДП. /МИА

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

притисни ентер