Саудиските власти негираа вмешаност во бруталното убиство на Кашоги , чие тело беше распарчено , растворено во киселина и пуштено низ канализација. Каламар денеска објави дека убијците го чекале Кашоги во конзулатот и биле нервозни поради задачата што треба да ја извршат.
Во еден момент Матер Мутреб, саудискиот шпион прашал дали стигнало жртвеното јагне и ќе биде ли можно да се стави трупот во вреќа. Таа презентираше снимени разговори меѓу убијците. На тоа одговара форензичарот Салах ал-Тубаџи кој вели дека телото е претешко и затоа треба да го распарчат.
,,Зглобовите ќе бидат одвоени . Тоа не е проблем. Телото е тешко. Прв пат сечам на земја. Ако земеме пластични вреќи и го исечеме телото на делови , ќе биде завршено. Ќе го замотаме секој дел. “ вели форензичарот и досава дека задачата ќе биде лесна.
На Мутреб и на уште десет лица им се суди во Саудиска Арабија на затворен судски процес. Извештајот на ОН упатува на истрага против престолонаследникот Мухамед бин Салман и други високи саудиски функциоенри , како нарачатели на убиството.
Кашоги пишуваше во Вашингтон Пост и беше остар критичар на саудиските власти. Специјалната претставничка на ОН, Каламар вели дека принцот морал да знае за ова убиство , зашто за неговата организација биле потребни големи владини ресурси и координација.
Извештајот за убиството ќе биде претставен на редовната седница на Советот за човекови права на ОН , што почнува оваа недела во Женева.