Приведен Мишел Платини поради корупција околу доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар

Легендата на светскиот фудбал, екс претседателот на УЕФА Мишел Платини е уапсен денеска  во рамките на истрагата околу корупција при доделувањето на организацијата на Мудијалот во Катар во 2022 година.

Легендарниот Французин е однесен во притвор . Според медиумите полицијата го привела Платини, поради тоа што во е тек е истрага  околу контроверзното доделување на организацијата на Светскиот фудбалски шампионат во 2022 година на богатиот Катар.

Платини е однесен во просториите на Анти корупциската канцеларија во Судот во Париз , каде ќе биде сослушан од страна на обвинителите.

Легендарниот Платини од 2007 до 2015 година беше претседател на Европската фудбалска асоцијација УЕФА , но од оваа функција мораше да се повлече по одлуката на Етичкиот комитет на ФИФА поради вмешаност во бројни корупциски афери. Афери од која најголема е токму онаа поврзана со доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар.  

Одлуката на богатиот Катар да му се додели организацијата на Мундијалот во 2022 година уште од самиот старт предизвика многу сомнежи дека гласовите при изборот биле платени.

Во 2014 година тогаш првиот човек на УЕФА Платини признал дека тајно се сретнал со Мохамед бин Хамам, фудбалскиот функционер задолжен за подмитување на членовите на одборот кои гласале и одлучувале  околу домаќинот за Светскиот фудбалски шампионат во2022 година.

притисни ентер