Приведен Мишел Платини поради корупција околу доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар - Канал 5

Приведен Мишел Платини поради корупција околу доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар

Легендата на светскиот фудбал, екс претседателот на УЕФА Мишел Платини е уапсен денеска  во рамките на истрагата околу корупција при доделувањето на организацијата на Мудијалот во Катар во 2022 година.

Приведен Мишел Платини поради корупција околу доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар

Легендарниот Французин е однесен во притвор . Според медиумите полицијата го привела Платини, поради тоа што во е тек е истрага околу контроверзното доделување на организацијата на Светскиот фудбалски шампионат во 2022 година на богатиот Катар.

Платини е однесен во просториите на Анти корупциската канцеларија во Судот во Париз , каде ќе биде сослушан од страна на обвинителите.

Легендарниот Платини од 2007 до 2015 година беше претседател на Европската фудбалска асоцијација УЕФА , но од оваа функција мораше да се повлече по одлуката на Етичкиот комитет на ФИФА поради вмешаност во бројни корупциски афери. Афери од која најголема е токму онаа поврзана со доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар.

Одлуката на богатиот Катар да му се додели организацијата на Мундијалот во 2022 година уште од самиот старт предизвика многу сомнежи дека гласовите при изборот биле платени.

Во 2014 година тогаш првиот човек на УЕФА Платини признал дека тајно се сретнал со Мохамед бин Хамам, фудбалскиот функционер задолжен за подмитување на членовите на одборот кои гласале и одлучувале околу домаќинот за Светскиот фудбалски шампионат во2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме.

Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски.

Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година.

Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови.

Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени.

Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек.

Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина.

За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер