Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед.

Скопје, 15 јуни 2019 (МИА) –   Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

-Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на обвинителството. /МИА

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер