Истрага и притвор за лице осомничено за убиство на жена во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед.

Скопје, 15 јуни 2019 (МИА) – Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

-Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, се наведува во соопштението на обвинителството. /МИА

Светот го преживеа најтоплиот април во историјата на мерењата

Светот штотуку го доживеа својот најтопол април забележан досега, продолжувајќи ја 11-месечната низа на соборување температурни рекорди секој месец, објави денеска службата за следење на климатските промени на ЕУ.

Секој месец од јуни 2023 година е најтоплиот на планетата досега измерен и забележан, според месечниот преглед на службата за климатски промени Коперник (C3S).

Вклучувајќи го април, просечната глобална температура беше највисока за 12-месечен период досега, 1,61 степени Целзиусови над просечната температура во прединдустрискиот период од 1850 до 1900 година.

Некои од екстремите, вклучително и рекордните температури на морската површина неколку месеци по ред, ги наведоа научниците да истражат дали човечката активност предизвикала пресврт во климатскиот систем или дали сме сведоци на значителна промена во климатскиот систем.

Емисиите на стакленички гасови од согорувањето на фосилните горива се главната причина за климатските промени. Во последните месеци, природниот феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, исто така ги зголеми температурите.

Во април се забележани одредени временски екстреми, вклучително и топлотниот бран во Сахел кој е можна причина за илјадници смртни случаи.

Климатологот Хејли Фаулер од Универзитетот во Њукасл рече дека податоците покажуваат дека светот е опасно блиску до прекршување на целта на Парискиот договор од 2015 година за запирање на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.

Неговото мислење е дека светот веќе ја изгубил таа битка и дека сега мора што побрзо да работи на намалување на емисиите на штетни гасови за да се задржи зголемувањето на глобалната температура под 2 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период.

Излезност до 18:30 часот: На претседателските избори 46,34%, на парламентарните 53,36%

Според податоците на Државната изборна комисија до 18:30 часот за нов претседател гласале 46,34% од регисгтрираните гласачи, што значи дека цензусот е исполнет.

Излезноста на парламентарните избори до 18:30 часот е 53,35%.

притисни ентер