Руски ловец пресретна два воени авиони на НАТО (ВИДЕО)

Руското Министерство за одбрана објави снимка од пресретнување на два борбени авиони на НАТО .

До инцидентот дошло пред два дена , а пресретнувањето се случило над Балтичкото море , во близина на руската граница. Според соопштението,Русите здогледале два борбени авиона во близина на границата.

Затоа полетал воениот ловец Су-27 , кој им пришол на соодветна оддалеченост и ги идентификувал како воени авиони на НАТО. Станувало збор за еден шведски и еден американски воен авион.

Пресретнувањето било според меѓународните прописи.

Трамп: На Иран му воведуваме досега најстроги санкции

Новите санкции доаѓаат како резултат на нападот на нафтените погони во Саудиска Арабија.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес рекол дека кон Иран ќе воведе најстроги санкции досега.

-Одредивме санкции за иранската Централна банка, рекол Трам во обраќање пред новинарите во Белата Куќа.

Иранската централна банка ќе биде изолирана и отсечена од банкарскиот систем на САД

- Тоа значи дека нема да има пари за чуварите на револуцијата, елитната војска на иранските власти и за финансирање тероризам, рекол министерот за финансии на САД Стивен Мнунчин.

Новите санкции доаѓаат како резултат на нападот на нафтените погони во Саудиска Арабија за кои Вашингтон тврди дека се изведени од страна на Иран а пак од Техеран тоа го демантираат.

Совет за реформи во правосудството: Јавните обвинители да бидат избирани од Советот на јавни обвинители

Избор на шеф на кое било јавно обвинителство на предлог на политичките партии, вклучувајќи ја опозицијата е решение кое отвара врата за политизација во јавнообвинителскиот систем.

Ова им го препорачаа членовите на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството на политичките партии и пратениците во Собранието на денешната тринаесетта седница на Советот на која беше презентирана информација за разговорите за обезбедување мнозинство за донесување на Законот за Јавното обвинителство.

– Постапка во која политички партии, односно опозицијата би предлагала јавен обвинител, може да обесхрабри квалитетни обвинители да се јават на конкурсот за шеф на обвинителството. Поради тоа, Советот препорачува да не се прави исклучок за било кое јавно обвинителство и да се задржи уставниот принцип Советот на јавни обвинители да ги избира шефовите на јавните обвинителства, соопшти владината прес-служба.

Министерката за правда, Рената Дескоска, информирала за текот на разговорите, за решенијата за статусот на обвинителството надлежно за гонење висока корупција, за прашањата поврзани со Специјалното јавно обвинителство, за критериуми за избор на обвинители и за други прашања отворени за време на разговорите. /МИА

Мадуро наскоро во посета на Москва

Кремељ денес најави дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро наскоро ќе ја посети Москва.

„Подготовките за таа посета се во тек и таа наскоро ќе биде реализирана. Ќе ги соопштиме датумите“, изјави за новинарите портпаролот на Кремељ, Димитриј Песков, пренесува „Тас“.

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рајбков, во јули за време на посетата на Каракас разговараше за подготовките за посетата на претседателот на Венецуела.

притисни ентер