МАКЕДОНСКА ВЕГЕТАРИЈАНСКА ПИЦА

Рецепт на Леон Демовиќ,

Потребни состојки: 600-700 гр.брашно, 1 чаша минерална вода, ½ коцка свеж квасец, 50 мл. масло, 50 гр.шеќер, 30 гр. сол, 1-2 кутлачи доматно пире, 300 гр. кашкавал, 100 гр. шампињони, неколку листови рукола, 1 пиперка и 1 домат.

Постапка: Во подлабок сад се става млака минерална вода во која се растопува квасецот. Се додава: шеќер, сол и масло и состојките добро се мешаат со рака.

Потоа постепено се додава брашно и се замесува тесто. Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 30-тина минути. За тоа време пиперката и доматот се сечкаат на тенки ленти.

Од тестото се формира круг и се става во тепсија. Одозгора се става 1-2 кутлачи доматно пире и се распределува на целата површина. Сечканиот кашкавал се распределува на целата површина. Одозгора се ставаат сечкани шампињони. Сечканиот домат и сечканата пиперка се распределуваат во круг на целата површина.

Пицата се пече околу 15-тина минути во загреана рерна. Откако ќе се испече се додаваат неколку листови рукола.

притисни ентер