Рен Женгфеи: Долго се подготвувавме за моментот кога со САД ќе се сретнеме на врвот

Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да кажат гласно дека сакаме да бидеме број 1 во светот, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.

Рен Женгфеи, основачот на Huawei, во разговор со кинески медиумите на 21 мај 2019 година зборуваше за настанатиот конфликт со САД и сопственото производство на чипови. Запрашан за тоа кој бил почетниот план на компанијата HiSilicon, Huawei Chip Assistant, основана во 2004 година, која денес веќе може да произведува чипови за различни намени и како дојде до одлуката за креирање сопствени чипови, Рен одговори дека целта на Huawei отсекогаш била да стигне до врвот, да биде глобален лидер.

„Во овој процес жртвувавме многу - се грижевме помалку за себе, за нашите семејства, за нашите родители. Ние сме она што сме, бидејќи нашата цел беше да стигнеме до врвот. Сега сме горди што можеме да кажеме дека нашата цел е да бидеме глобален лидер. Сакаме да бидеме број 1 во светот. Во минатото, ние не им дозволувавме на нашите вработени да го кажат тоа гласно, бидејќи сметавме дека ова може да доведе до конфликти со САД, вели Рен.

Тој објаснува дека на почетокот на 2000 година, се размислувало за тоа дали Huawei би можел да „стави американска каубојска шапка”.

„Решивме да го продадеме Huawei на американска компанија за вредност од 10 милијарди американски долари. Склучивме договор и сите релевантни процедури беа завршени. Остана само одобрувањето од одборот на директори на американската компанија. Додека го чекавме, преговарачкиот тим, вклучувајќи ме и мене, беше на плажа со цветни алишта и игравме пинг-понг.

Во меѓувреме, беше замене одборот на директори. Нивниот нов претседател беше малку кратковид и го отфрли договорот. Ако договорот се реализираше, ќе имавме своја „американска каубојска шапка”. Откако договорот не успеа, нашите директори мораа да одлучат дали да се обидат да го продадат Huawei на некој друг. Сите помлади лидери едногласно рекoa НЕ. Не можев да се расправам со нив, па им реков: "Ќе мораме да се соочиме со САД додека се приближуваме кон врвот. Ние мораме да бидеме подготвени." Оттогаш, размислувавме за тоа што ќе се случи кога ќе се сретнеме со САД на врвот и се подготвувавме за овој момент. Сепак, на крајот, би се ракувале, бидејќи сакаме да работиме заедно со нив и заедно да придонесеме во корист на општеството како целина, објасни Рен.

Запрашан за апсењето на неговата ќерка, Ман Ванџоу, во Канада, на барање на САД на крајот од 2018 година, 18 години по неговата прогноза за директна конфронтација, Рен одговори дека очекувал нешто да се случи.

„Бевме сигурни дека тие ќе преземат нешто против нас, без оглед на неговиот исход. Мислевме дека имавме околу две години да се подготвиме. Но, апсењето на Ман Ванџоу разнесе сè, рече Рен.

Затоа морало да се работи брзо.

“Можеби знаете дека работевме за време на последниот пролетен фестивал (голем празник во Кина што ја слави Новата Година, кога во принцип никој не работи околу две недели), а јас ги посетив нашите вработени кои работеа за време на одмор. Само во Кина, 5.000 вработени, како чувари, чистачи и работници од кантина, останаа да им служат на нашите „борци". Ние исплативме дневници неколку пати повисоки од нормалните. Плаќавме двојно за храната од добавувачите и дополнително за услугата. Многу од нашите вработени дури и не се вратија дома за време на Фестивалот. За да заштедат време, направија импровизирани кревети на подот за традиционалното попладневно спиење. Во текот на мајските празници, многу од нашите вработени, исто така, избраа да останат на работа“, објасни Рен одговарајќи на прашања на претставниците на кинеските медиуми на прес конференцијата на 21 мај 2019 година .

Во музејот на Битлси во Ливерпул е изложен познатиот јапонски сервис за чај на Џорџ Харисон

Јапонскиот сервис за чај, купен од англискиот гитарист, пејач и поранешен член на Битлси Џорџ Харисон во 1966 година за време на турнејата на Битлси низ Јапонија, е изложена во музејот на Битлси во Ливерпул.

Сервисот, еден од трите купени од Харисон во Јапонија, му го подарил менаџерот на турнејата Нил Аспинал на неговиот син Роаг Бест, кој сега го води музејот на Битлси.

Како што изјави, на тридневната турнеја, Битлси свиреле за повеќе од 10.000 луѓе по концерт.

„Битлеманијата навистина ја погоди Јапонија. Тие не можеа да ја напуштат хотелската соба“, рече Бест, кој е син на Аспинал и Мона Бест и полубрат на Пит Бест, оригиналниот тапанар на Битлси.

Тој изјавил дека неговиот татко, маскиран, го придружувал Џон Ленон, додека еднаш излегувале од хотел во Токио, еднаш излегол и Пол Макартни со маска, но Ринго Стар и Харисон останале заклучени во собите.

„Тие сакаа да купуваат работи на турнеја, но бидејќи не можеа да излезат, луѓето ги носеа своите производи во нивните соби. Џорџ купи три многу украсени јапонски чајни комплети кои потоа ги испрати назад во Англија. Чуваше еден, татко ми дозволи тој да избира од преостанатите два, а третиот и го дал на мајка си“, рекол Бест, пренесува Би-Би-Си.

Сервисот е префрлен во Ливерпул, во куќата на Мона Бест, сопственик на клубот „Касба“.

Бест изјавил дека на сетот недостасуваат три чаши кои ги скршил кога имал 15 години.

Тој додаде дека се надева дека сервисот за чај ќе биде од особен интерес за фановите на Битлси од Јапонија кои го посетуваат музејот во Ливерпул.

„Фан клубот на Битлси е еден од најголемите по членство и има околу 40.000 фанови. Мислам дека ова ќе им се допадне“, рече Бест.

САД најавија нови 6 милијарди долари воена помош за Украина

Соединетите Држави обезбедуваат нова воена помош од 6 милијарди долари за да ѝ помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Последната испорака на оружје ќе вклучува артилериска муниција, како и ракети за системи за воздушна одбрана Патриот произведени во САД, рече Остин по онлајн состанокот со Контакт групата за одбрана за Украина предводена од Вашингтон.

Соопштението доаѓа откако американскиот Сенат доцна во вторникот одобри нова помош за Киев во вкупна вредност од околу 61 милијарда долари, отворајќи го патот за нови испораки на оружје по повеќемесечната блокада.

Веднаш потоа, во средата, американскиот претседател Џо Бајден најави итен воен пакет од 1 милијарда долари. Станува збор пред сѐ за опрема за противвоздушна одбрана, артилерија, ракетни системи и оклопни возила од залихите на американската армија.

Граѓаните на Дубаи пријавуваат непозната болест, ја поврзуваат со неодамнешните поплави

Луѓето во Дубаи и остатокот од Обединетите Арапски Емирати пријавиле дека се разболеле од водата за пиење по големите и тешки поплави што го погодија регионот.

Земјата беше погодена од врнежи што не биле видени долго време, а за само 12 часа наврна дожд колку за една година.

Поплавите буквално го запреа животот во пустинската земја и предизвикаа хаос на аеродромот во Дубаи, најпрометниот меѓународен воздушен центар во светот. Временските услови предизвикаа Emirates да ги откажат летовите за 200.000 патници и да одложат многу повеќе.

До минатиот вторник, Обединетите Арапски Емирати имале нешто повеќе од 142 милиметри дожд на метар квадратен, додека просечните врнежи се околу 86 мм дожд. На повеќе локации забележани се речиси 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Државната новинска агенција ВАМ го нарече дождот „историски временски настан“ што го надмина „се што е документирано од почетокот на собирањето податоци во 1949 година“.

Сега луѓето во Обединетите Арапски Емирати почнаа да покажуваат симптоми поврзани со наводно загадената вода, соопшти Министерството за здравство.

Во соопштението, кое го пренесе државната новинска агенција, не се прецизира точно колку луѓе се болни или од што точно се лекуваат.

Имало „многу ограничен број случаи кои покажаа одредени симптоми на влијание на загадена вода“ и тие се на болничко лекување, велат од Министерството, но не прецизираат што ја предизвикало загаденоста на водата.

Силниот дожд е поврзан со поголем систем на бура минатата недела што го премина Арапскиот полуостров и го премина Оманскиот залив. Истиот циклон донесе и смртоносни поплави во блискиот Оман, каде што загинаа најмалку 18 луѓе.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија. Сепак, дождовите беа најсилни низ ОАЕ. Се шпекулира дека „сеење на облаци“ ги предизвикало поплавите.

притисни ентер