Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?
1Јаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикасна
2СДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?
Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
МакедонијаКитанов: Некогаш со непосредна спогодба, сега на отворен тендер преку ЕБОРНовиот автопат Миладиновци – Штип е претплатен двојно, тројно па и четирикратно повеќе за одредени ставки кои носат и најмногу пари при изградбата. Ова го тврди Зоран Китанов првиот човек на јавното претпријатие државни патишта споредувајќи ги истите ставки од истиот изведувач кинескиот Синохидро кој пред неколку месеци, но овој пат на тендер од Ебор доби да го гради експресниот пат Кочани – Крупиште, кој ќе биде со речиси идентичен квалитет со автопатот.. Кинезите ќе го градот експресниот пат долг 13,7 килиметри за 18,2 милиони евра, или 1,3 милиони евра за километар.. Споредбата на цените за патот кај Крупиште и оној кај Миладиновци освен за тампонот каде има четирикратно поголеми сума од 570 денари за метар кубен на 2202 денари за метар кубен за асфалт долен слој сега за Крупиште се понудени 54, 7 денари за сантиметар додека за Миладиновци биле вкалкулирани 107 денари за сантиметар, кај завршниот асфалт разликата е од 70 на 184 денари за сантиметар додека за арматура ставката што сега на тендер за автопатот кај Крупиште ја нуди Синохидро е 43,5 денари додека кај Миладиновци се наплатени 92 денари за килограм. Покрај огромната разлика во цени според Китанов направени се и нереално поголеми предвидувања за трошењата на автопатот, кои сега се заштедени... Миладновци-штип финално ќе чини 177 милиони евра за 47 километри, или 3,8 милиони евра за километар.. . Автопатот Миладиновци Штип, се очекува да биде пуштен во употреба за една недела, штом се заврши поставувањето на заштитната ограда со која се обезбедува сигурност за возачите. По проектот овој автопат, кој се гради од 2014 година, требаше да биде готов во мај 2017 но тогаш бил завршен само 50% со останати 24 бандери од далеководи. Откако беше потпишан анекс, автопатот конечно беше завршен во декември лани, а во следниот период останува да се изведуваат дополнителни зафати од страна кои нема да пречат во сообраќајот и со времени премостувања ќе тече и изградбата на патарините заради што се посочува на почитување на патната сигнализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска до родителите: Без ваш ангажман, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство ќе биде неефикаснаВрсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители и старатели на ученици на тема врсничко насилство, што денес се одржа во Домот на културата „11 Октомври“ во општина Гази Баба. „Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска, додавајќи дека без ангажирање на родителите, секоја иницијатива за справување со врсничко насилство е неефикасна. Министерката посочи дека токму затоа, на национално ниво се иницирани директни средби со родителите на децата и наставниците, каква што е денешната. Целта е отворено да се предочат проблемите, да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат семејствата и училиштата, како и да се разменат идеи и иницијативи за заедничко делување против врсничкото насилство. Најави одлучност во справување со злото што возрасните им го наметнуваат на децата и ригорозен системски одговор. „Одговорност мора да има и за родителите. Разговарав со министерот за внатрешни работи, ќе следат санкции за сите инволвирани и за нивните родители. Најчест причинител на врсничко насилство е семејното насилство и занемарувањето на децата“. Во моментов, во собраниска процедура се законски измени кои предвидуваат парични казни за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште. Министерството за образование и наука минатата година подготви и реализираше сет мерки за справување со врсничкото насилство. Со законски измени ги задолжи училиштата во годишните програми за работа да предвидат активности за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба, спречување дискриминација, подобрување на комуникацијата и слично. Беа изработени прирачници за наставници за справување со врсничко физичко насилство во училишта и за пријавување на сајбер насилство. Стручните служби во училиштата беа зајакнати со ангажирање на кадар онаму каде недостигаше, и беа вратени дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и во училишните дворови. Средбите со родителите ќе продолжат, а продолжуваат и обуките за стручните соработници за препознавање на семејно насилство преку однесувањето на децата на училиште и за спречување на понатамошно трансформирање во врсничко. Досега се реализирани обуки за стручни соработници од 30-тина општини во Македонија, во соработка со Комората на психолози, МВР и Министерството за социјална политика. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Црна Гора со 3,2 милијарди евра а Македонија со само 67 милиони евра, за кои реформи и пари зборува Кочовска?Министерката за финансии зборува за пренасочување на европски средства кон „реформски лидери“.Прашуваме: За кои реформи? За оние кои Мицкоски ги најави дека ќе бидат завршени до 1 јуни, а за кои повеќе никој не зборува? За реформите за кои добија грејс период од една година уште во 2025 и не се исполнија? Што е сега со роковите? Што е направено од реформската агенда? Македонија е во опасност да остане надвор од седумгодишниот план на ЕУ поради неисполнување на реформите. А министерката зборува за „најголеми средства“ и за тоа дека Македонија е меѓу реформските лидери. За споредба: Црна Гора добива 3,2 милијарди евра, а Македонија ќе добие 65,7 милиони евра, од Планот за раст на ЕУ. И тоа е „најмногу“? Дали е тоа истата министерка која пред неколку месеци изјави дека „пола Европа ќе банкротира“, а Македонија ќе процвета? Истата која тврди дека сме „трета економија во Европа“, а немаме пари ни за зголемување на минималната плата? Изгледа дека Мицкоски со своите лаги ги зарази и своите министри. Или можеби и тие почнаа да му веруваат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадетиМакедонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети и 8. ЕТКФ Европски куп за деца, кои ќе се одржат од 3 до 5 јули во Софија, Бугарија. Македонската репрезентација е составена од 30 натпреварувачи, кои ќе настапат во сите возрасни категории. Репрезентацијата ќе ја предводат тренерите Дејан Недев и Аљоша Недев, кои воедно ќе ја извршуваат и функцијата на судии на натпреварите. Во сабота на програмата се натпреварите за деца, додека во недела ќе настапат сениорите, јуниорите и кадетите. Европското првенство ќе се одржи во Овергас Арена во Софија. Македонска традиционална карате федерација (МТКФ)Тагови: карате Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook