ПИЛЕШКО „КАЦИЈАТОРЕ“

Рецепт на: Тоше Соколовски

Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10 часот на Канал 5

Потребни состојки:  1 пилешки стек, 1 главица кромид, 1 зелена пиперка,  100 гр. печурки, малку бело вино, неколку лажици доматен сос, малку пармезан, неколку чешни лук, малку зачин од сув зеленчук и малку сол.

Постапка:

Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид.

Во друга тава со загреано масло се пропржува стек, исечен на 3 парчиња.

Во тавата со кромидот се додава сечкана зелена пиперка и се продолжува со пржењето.

Потоа се додаваат печурките и лукот и се продолжува со пржењето.

Во тавата со стекот се додава малку бело вино и се продолжува со пржењето.

Зеленчукот се зачинува со сол и зачин од сув зеленчук и се продолжува со пржењето.

По неколку минути се додава доматен сос и пилешкото месо.

Се додава рендан пармезан и се пропржува уште малку.

Се сервира со прилог од динстани: брокула, карфиол, морков и ориз.

притисни ентер