Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
2Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
РецептиПИЛЕШКО „КАЦИЈАТОРЕ“Рецепт на: Тоше СоколовскиГледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10 часот на Канал 5 Потребни состојки: 1 пилешки стек, 1 главица кромид, 1 зелена пиперка, 100 гр. печурки, малку бело вино, неколку лажици доматен сос, малку пармезан, неколку чешни лук, малку зачин од сув зеленчук и малку сол. Постапка: Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид. Во друга тава со загреано масло се пропржува стек, исечен на 3 парчиња. Во тавата со кромидот се додава сечкана зелена пиперка и се продолжува со пржењето. Потоа се додаваат печурките и лукот и се продолжува со пржењето. Во тавата со стекот се додава малку бело вино и се продолжува со пржењето. Зеленчукот се зачинува со сол и зачин од сув зеленчук и се продолжува со пржењето. По неколку минути се додава доматен сос и пилешкото месо. Се додава рендан пармезан и се пропржува уште малку. Се сервира со прилог од динстани: брокула, карфиол, морков и ориз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопедНа 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот.Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои - 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки испит, една мерка за нерегистриран мотоцикл, две мерки затоа што не застанале на даден знак и 129 мерки по останати прекршоци - не носеле возачка или сообраќајна дозвола, не била истакната регистарска табличка, недавање првенство на возила или на пешаци и друго. При акциската контрола, констатирано е едно кривично дело безобѕирно управување со мопед, односно присуство на алкохол во крвта од 1,93 промили по член 297-а од Кривичниот законик, по што мопедот е одземен.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската АмбасадаВеднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото. Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по итна постапка. Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСветот гледа кон Франција: Трамп пристигна на самитот на Г7Доналд Трамп пристигна на самитот на Г7 во Франција откако објави договор со Иран, додека домаќинот Емануел Макрон го критикуваше за нападот врз Техеран.Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Евиан-ле-Бен, Франција, каде што ќе учествува на самитот на Г7 подоцна денес, објавува „Ле Фигаро“. Тој пристигна со „Ер Форс Уан“ на аеродромот во Женева, од каде што се упати со својата делегација до францускиот град Евиан-ле-Бен на брегот на Женевското езеро. Трамп пристигна во Евиан-ле-Бен откако објави дека Иран и САД ќе потпишат меморандум за разбирање. Францускиот претседател Емануел Макрон, домаќин на самитот во Евиан, рече дека воениот напад на Трамп врз Иран е „надвор од рамките на меѓународното право“. И покрај овие тензии, Трамп и другите учесници на Г7 ќе се сретнат со лидерите од Блискиот Исток пред најавеното потпишување на мировен договор со Иран. Најавено е дека Трамп и другите западни лидери ќе разговараат и со украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторник за начините за завршување на конфликтот со Русија под фер услови. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09