Бил Гејтс има 100 милијарди долари , а еве на што ги троши парите

Бил Гејтс влезе во најтесниот клуб на милијардери со над 100 милијарди долари богатство. Пред него е само основачот на Амазон , Џеф Безос.

Според американските медиуми , Гејтс денеска е побогат за 9,5 милијарди долари од лани во истото време или за 24 милијарди побогат од пред пет години. Додаваат и доколку Гејтс дневно би трошел по милион долари , би му требале 245 години за да го потроши целото денешно богатство. Тој вели дека не сакал никогаш да биде потрошувач , но богатството го разгалило , па има приватен авион во кој може да се сместат 19 луѓе и чини 40 милиони долари. За својот дом во Медина му требале седум години и 63 милиони доалри за да го уреди по свој вкус. Земјиштето го купил 1988 за два милиони долари , а денесак вреди 125 милиони. Во 2017 самоз а тоа земјиште палтил данок од над милион долари. Тој во куќата има уреди вредни над 150 000 долари , кои покажуваат различни фотографии на допир. Но има и вистински уметнички слики , како онаа на Винслоу Хомер , која во 1988 ја купил за 36 милиони долари.

На имотот има и базен , сместен во посебен одддел и библиотека. Во неа е сместен ракописот на Леонардо да Винчи , кој Гејтс во 1994 го купил за 30 милиони долари. Во куќата има шест кујни и 24 бањи , како и гаражаз а 23 автомобили.

Гејтс има и ранч на Флорида од 18 000 квадратни метри и на него има луксузна вила. Само за недвижности на тоа подрачје потрошил 27 милиони долари. Го купил имотот за да има каде да јава коњи неговата ќерка Џенифер.

Во Калифорнија има имот на 228 хектари , кој го купил за 18 милиони долари , а таму има патека за трки , овоштарник и пет штали за расни коњи.гејтс има и голем број недвижности како хотели било поединечни , како и половина од синџирот на хотели Four Season Holding. Во 2013 го купил , на пример клуксузниот Риц Карлтон во Сан Франциско , вреден 161 милиони долари.

Тој сака и да патува , за што има и јахта вредна 5 милиони долари. Но , Гејтс најмногу пари заедно со сопругата Мелинда трошат за хуманитарни цели. Има своја фондација , а донира и во истражување на лекови за разни болести. Така во 2017 вложи 50 милиони долари во истражување на лек за Алцхајмеровата болест. Преку нивната фондација само во 2017 донирале 4,78 милијарди долари. Вели дека по смртта на своите три деца ќе им остави само по 10 милиони долари , зашто не сака да бидат мрзеливи.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер